Македонија
Лека и Зумбери продолжуваат да бараат права за борците на ОНА
Предлог законот за регулирање на статусот на поранешните припадници на ОНА денеска помина на собраниската комисија за труд и социјална политика и покрај тоа што владеачкото мнозинство смета дека нема потреба од ваков закон.
Предлог законот за регулирање на статусот на поранешните припадници на ОНА денеска помина на собраниската комисија за труд и социјална политика и покрај тоа што владеачкото мнозинство смета дека нема потреба од ваков закон.
Предлагачите на Предлог законот за борците на ОНА, Абедин Зумбери, Даут Реџепи- Лека, Сулејман Рушити и Флора Кадриу изразија револт поради неприсуството на комисиската расправа на претставници од албанската владејачка ДУИ и од Министерството за труд и социјална политика.
По завршувањето на комисиската расправа пратеникот Сафет Незири од ДУИ излезе со информација дека меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ постои политички договор за решавањето на статусот на борците на ОНА.
„Нашиот став е познат, правата на борците може да се остварат во рамките на постоечките закони“, изјави претседателот на комисијата Илија Китановски.
Лека смета дека се е политичка фарса и дека нема да се реши долгогодишното прашање.
„Жалното и апсурдното е што претставниците на ДУИ не беа присутни, ни од Министерството за труд и социјална работа. Министерот лаже цело време дека ќе има закон“, изјави Лека.
Абедин Зумбери од Нова демократија исто така смета дека не постои договор меѓу коалиционите партнери.
„Моето најголемо незадоволство е тоа што не учествуваше Министерот кој требаше да даде објаснување зошто не го прифаќа законот и зошто го лаже народот дека има работни групи кој што го спремаат законот“, истакна Зумбери.
За предлог законот денеска ќе се расправа и на Законодавно-правната комисија, а потоа законот ќе се најде пред пратениците на пленарна седница.
Со законот сеј бараат посебни придобивки за околу 170 лица. Предложениот закон предвидува семејна пензија во висина на една просечна плата, вработување, решавање на станбеното прашање, бесплатно образование и здравствена заштита за семејствата на загинатите припадници на ОНА, инвалидите и на цивилите што настрадале во 2001 година./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

