Македонија
Заврши средбата Црвенковски – Ахмети

Сериозни политичари треба да работат на подобрување на меѓуетничката состојба, бидејќи тоа е столб на секоја демократија посебно во Македонија.
Сериозни политичари треба да работат на подобрување на меѓуетничката состојба, бидејќи тоа е столб на секоја демократија посебно во Македонија.
Ова е заеднички заклучок изнесен од лидерите на ДУИ и СДСМ, Али Ахмети и Бранко Црвенковски кои денеска остварија средба во Собранието на Република Македонија.
„Не разговаравме за тоа што треба да направи Груевски, ние разговаравме што е неопходно да се направи. Ние разговаравме што е можно поскоро меѓуетничките односи да се стабилизираат, повторно да се вратиме на еден процес на јакнење на меѓусебната доверба“, истакна Црвенковски по завршувањето на средбата.
Евроатланските интеграции биле една од главните теми на денешните разговори за кои и двајцата лидери сметаат дека е потребно што поскоро деблокирање на процесот и отпочнување на предпристапните преговори.
„Ахмети искажа надеж дека нешто позитивно околу тој план ќе се случи, меѓутоа не стекнав впечаток дека до крај е информиран или дека може да биде сигурен дека такво нешто ќе се случи“, изјави Црвенковски.
Ахмети рече дека владејачката коалиција работи сериозно на решавање на спорот и на деблокирањето на евроинтеграциите.
„Република Македонија во овој период се соочува со навистина сериозни проблеми, од најразлична природа, меѓуетничките односи се загрозени, безбедносната е нарушена, економијата тоне, евроатланските интеграции се блокирани.Тие проблеми нема да се решат ако се игнорираат. Неопходно е да се среќаваме, да разговараме“, смета Црвенковски.
Ахмети рече дека на средбата се согласиле и понатаму да се остваруваат средби и отворено да се разговара за сите случувања во државата./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.
„На 15.10.2025 во 11:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека Н.К. од струшкото село Велешта, при изведување градежни работи на улицата „Браќа Миладиновци “ во Струга со работна машина го поткопал темелот од јужниот ѕид на спомен куќата-музеј на Владо Малески, која претставува споменик заштитен како значајно културно наследство“, велат од МВР.
На местото извршиле увид претставници на Завод и музеј – Охрид, заедно со полициски екипи. По целосното расчистување на случајот, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство“, согласно член 264 од Кривичниот законик.
Македонија
За 30 дена ќе ставам крај на депониите во Гази Баба, рече кандидатот на СДСМ за градоначалник, Митовски

Кандидатот за градоначалник на Гази Баба од СДСМ, Влатко Митовски, најави дека во првите 30 дена од преземањето на функцијата ќе го реши проблемот со сметот и дивите депонии во општината.
„Нема повеќе да има диви депонии зад контејнерите, ниту општината ќе создава сопствени депонии. Отпадот ќе биде одложуван на пропишани и контролирани локации, а комуналното претпријатие повторно ќе стане функционално,“ порача Митовски.
Тој го обвини актуелното раководство дека четири години не успеало да воспостави систем за редовно собирање на отпадот, поради што комуналните служби се во целосен колапс.
Македонија
(Видео) Коњановски: Хотелот „Битола“ ќе се адаптира во Дом за стари лица – проект по иницијатива на граѓаните

Кандидатот за градоначалник на општина Битола, Тони Коњановски, порача дека секој голем проект започнува од гласот на граѓаните и дека заедничкото размислување, пишување и работа се клучот за подобро секојдневие.
„Една од најзначајните иницијативи што ја предложија граѓаните е адаптацијата на хотелот ‘Битола’ во Дом за стари лица – место кое ќе овозможи достоинствен живот, грижа и внимание за највозрасните сограѓани“, изјави Коњановски.
Меѓу останатите приоритетни предлози се: бесплатен оброк за сите ученици од 1 до 3 одделение, обезбедување униформи за децата од 1 до 5 одделение, организација на летни кампови за деца од социјално загрозени семејства, зголемување на капацитетите на градинките, како и продолжување на акцијата за отстранување на дивоградбите и гаражите, особено во Нова Битола.
„Вистински избор се проектите создадени од граѓаните, за граѓаните. Вистински избор е заедничкиот труд – кога гласот на граѓаните станува проект што го менува секојдневието“, нагласи Коњановски.