Македонија
Шестката донесе 1.150 евра

Двајца среќни добитници со по шест погодоци, кои носат по 69.047,33 денари, регистрирани се во третото коло на играта на среќа Ново Лото 7/34 на Државна лотарија на Македонија.
Двајца среќни добитници со по шест погодоци, кои носат по 69.047,33 денари, регистрирани се во третото коло на играта на среќа Ново Лото 7/34 на Државна лотарија на Македонија.
Ниту една од уплатените над 100.000 комбинации ги немаше добитните седум броја, кои ја носат главната награда од 100.000 евра.
Добивката за седумка од 100.000 евра и добивката за дополнителната игра Џокер од 10.000 евра што ги гарантира Државна лотарија на Македонија се префрлаат за наредното коло.
Во вчерашното извлекување беа регистрирани 148 погодоци за 5ка ( со по 933,07) и 2428 погодоци за 4ка, со по 132,71 денари, кои веќе денеска може да си ги подигнат исплатите.
На барање на играчите, уплатата на денот на извлекување – понеделник, пред извлекување е пролонгирана за еден час, се вели во соопштението на Државна лотарија на Македонија.
Наместо како до сега, до 17:30 часот, уплатата на денот на извлекувањето, на продажните места ширум Македонија, граѓаните ќе може да ја вршат до 18:30 часот.
Сите уплати кои ќе бидат примени по 18:30 часот (во понеделниците), автоматски се земаат како уплати во наредното коло./крај/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Голем пожар во фабрика во Велес

Синоќа избувна голем пожар во фабриката за храна „Мирана“, лоцирана во индустрискиот блок на Велес, потврдија надлежните.
На барање на Територијалната противпожарна единица Велес, привремено беше исклучена електричната енергија во фабриката.
„Во Велес, кај индустрискиот блок, опожарена е фабриката ‘Мирана’. По барање на ТППЕ Велес, исклучена е струјата во фабриката. Единиците за гаснење на пожарот се на терен“, информираше директорот на ЦУК, Мухамед Али.
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше доцна синоќа дека нема информации за повредени лица при пожарот.
Причините за избувнувањето сè уште не се познати.
Македонија
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневната температура.
Македонија
По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, нема пријавени штети, соопшти ЦУК

По врнежите од дожд и силните ветрови кои зафатија делови од државата, до овој момент до Центарот за управување со кризи не се пријавени материјални штети или повредени лица, информираат од таму.
„Директорот на ЦУК, Мухамед Али, заедно со вработените од Оперативниот сектор и Дежурната служба, внимателно ја следи состојбата на терен.
Центарот за управување со кризи останува во постојана готовност и продолжува со координирани активности за обезбедување брза и ефективна институционална реакција при евентуални потреби“.