Македонија
Македонската и полицијата на Бранденбург имаат одлична соработка
Претставници на полициите на Македонија и на германската сојузна покраина Бранденбург во Охрид денеска ја одржаа десетата билатерална средба на која се разговараше за
Претставници на полициите на Македонија и на германската сојузна покраина Бранденбург во Охрид денеска ја одржаа десетата билатерална средба на која се разговараше за безбедносните предизвици со акцент на борбата против тероризмот, заштитата од пожари и катастрофи, безбедноста на аеродромите, нелегалната трговија и организираниот криминал.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, истакна дека соработката со бранденбуршката полиција е исклучително добра, од што до сега произлегоа два твининг проекти за зајакнување на капацитетите на македонското МВР.
Потпишани се и повеќе акти и договори за соработка, како и заедничка Декларација за соработка, продолжување и интензивирање на размената на искуства на полето на заштита од пожари и катастрофи меѓу Центарот за управување со кризи на РМ и МВР на Бранденбург.
„Наша задача е да ги преземеме сите можни форми на превенција за воспоставување брза и квалитетна соработка, меѓусебна доверба, со цел поефикасна заштита“ изјави Јанкуловска.
Според министерот за внатрешни работи на Бранденбург, Рајнер Шпер, Македонија бележи напредок во евроинтеграциите и значајно придонесува за стабилноста на Балканот и на Европската унија, додавајќи дека македонските искуства во справувањето со предизвиците, ќе бидат од полза за работењето на полицијата на Бранденбург. /крај/охридњус/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

