Македонија
Одбележување на Денот на 2. механизирана пешадиска бригада
Свеченост по повод Денот на 2. механизирана пешадиска бригада (мпбр) чија команда е лоцирана во Кичево ќе се одржи денеска во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево
Свеченост по повод Денот на 2. механизирана пешадиска бригада (мпбр) чија команда е лоцирана во Кичево ќе се одржи денеска во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево.
На свеченоста се очекува да присуствуваат: Заменикот на министерот за одбрана Емил Димитриев, Заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ, генерал-мајор Зоран Димов, раководители на сектори од МО, претставници на ГШ на АРМ, како и градоначалниците на општините Кичево, Охрид, Битола, Тетово, Гостивар, Македонски Брод, како и други општини кои се наоѓаат во зоната на одговорност на оваа бригада.
Пред присутните ќе се обрати командантот на 2.мпбр полковник Методија Величковски, а предвидено е свечено дефиле на единиците, како и тактичко-технички збор со презентација на вооружувањето и техниката кои се во формацискиот состав на единицата.
Втората механизирана пешадиска бригада ги продолжува традициите на Кичевско-Мавровскиот одред, кој е формиран на 21 мај 1943 година од страна на Главниот штаб на Македонија. Со формирањето на АРМ, формацискиот назив на оваа единица беше 13.пешадиска бригада, а од 2006 година со нејзината трансформација според стандардите на НАТО се преименува во 2. пешадиска механизирана бригада.
Мисијата на 2.мпбр е да изведува офанзивни и дефанзивни операции за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, содејство со МВР во граничното обезбедување, давање поддршка на цивилните власти при отстранување на последици од елементарни непогоди и природни катастрофи, како и учество во операции за подршка на мирот и хуманитарни операции надвор од државата. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

