Македонија
Убиен 58-годишник во Бутел

Скопјанецот Ристо Дичевски (58) утрово околу 8.40 часот е убиен во населбата Бутел на улицата Алекса Дундиќ број 4.
Скопјанецот Ристо Дичевски (58) утрово околу 8.40 часот е убиен во населбата Бутел на улицата Алекса Дундиќ број 4.
Според МВР убиството се случило кога непознат сторител испукал неколку куршуми од огнено оружје.
Ристо се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентниот центар, каде и покрај укажаната помош, тој им подлегнал на повредите
Mоментално екипа на полициска и судска екипа вршат увид на место и се трага по сторителот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почнува процесот за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје

Министерството за животна средина и просторно планирање започнува со изработка на Студијата за валоризација на природните вредности на масивот Јабланица, како прв и суштински чекор во процесот за нејзино прогласување за заштитено подрачје, согласно Законот за заштита на природата.
Иницијативата за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје е поднесена од страна на општините Струга и Вевчани, месните заедници и невладиниот сектор, а Владата на Република Северна Македонија на својата 116-та седница, одржана на 22 јануари 2019 година, го задолжи МЖСПП да обезбеди средства за изработка на Студијата во соработка со двете општини. Во рамките на Програмата за природа за 2025 година, обезбеден е буџет и е склучен договор за јавна набавка за изработката на Студијата.
Овој процес ќе опфати подготовка на конечна верзија на Студијата согласно законската регулатива, создавање база на податоци за биолошката разновидност, геодиверзитет, живеалишта, хидрологија и други природни елементи, теренски истражувања и ГИС обработка на податоците од национално и ЕУ значење, како и организација на две јавни консултативни средби за вклучување на засегнатите страни во финализирањето на документот.
Планината Јабланица е природно богатство со исклучителна биолошка и геолошка вредност. Таа веќе е дел од Националната Емералд мрежа на подрачја од особено значење за зачувување на природата и е идентификувана како потенцијално подрачје во идната Натура 2000 мрежа.
Изработката на оваа Студија претставува клучна стручна основа за натамошната постапка за прогласување на Јабланица за заштитено подрачје, со што ќе се овозможи долгорочна заштита и одржливо управување со еден од највредните природни региони во земјата.
Во 2023 од страна на МЖСПП беше финансирана и изработена социо-економска студија за прогласување на планината Јабланица за заштитено подрачје, односно национален парк, како што е делот на Јабланица во Република Албанија, прогласен во 2008-ма година.
Македонија
СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

„ВМРО-ДПМНЕ во целосна безидејност продолжува да лаже иако претседателот на СДСМ, Венко Филипче јасно кажа дека не поседува никакви инвестиции ниту имот во Обединетите Арапски Емирати“, велат од СДСМ.
„Филипче поседува виза која не е добиена на основ на никакви инвестиции или сопственост на имот.
ВМРО-ДПМНЕ наместо да лаже во континуитет и да се обидува да дефокусира, треба да почне да реализира нешто за граѓаните кои од оваа власт осврн неспособност, лаги и напади на опозицијата ништо друго не виде веќе цела година“, соопшти СДСМ.
Македонија
Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

Оваа сабота (17 мај) со почеток во 10 часот стартува премиерното издание на маратонот во планински велосипедизам ,,Krushevo MTB Challenge” во организација на Велосипедскиот клуб Енерџи и Велосипедската федерација на Македонија.
Во рамките на овој настан, ќе се реализира и Државното првенство во планински велосипедизам Маратон како дел од официјалниот календар на ВФМ и според пропозициите и критериумите на Светската велосипедска федерација УЦИ.
Натпреварувачите ќе имаат можност да одберат помеѓу мал маратон од 25км и голем маратон од 75км со вкупно искачување од 650 односно 2000 метри.
Признанија и награди ќе бидат доделени за сите возрасни категории и тоа: 18-29, 30-39, 40-49,50-59,60+.
Пријавувањето е отворено до 15 мај.