Македонија
Стојановски го посети тимот на АРМ во мисијата АЛТЕА
Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, го посети медицинскиот тим на АРМ кој е распореден во рамките на мисијата на ЕУ – АЛТЕА, соопштено е денеска во Скопје
Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, го посети медицинскиот тим на АРМ кој е распореден во рамките на мисијата на ЕУ – АЛТЕА, соопштено е денеска во Скопје
Во кампот Бутмир, крај Сараево генералот Стојановски вчера беше пречекан со највисоки воени почести, при што тој оствари средба со Командантот на ЕУФОР генерал-мајорот Бернхард Баир.
На средбата, командантот на ЕУФОР искажа задоволство и високи оценки за работата на припадниците на АРМ и нагласи дека медицинскиот тим на АРМ, како и штабните офицери во командата на ЕУФОР уживаат висок углед заради покажаниот професионален однос и дека тие даваат придонес во креирањето на мирот и стабилноста на Босна и Херцеговина и регионот.
За време на престојот во командата на ЕУФОР генералите Стојановски и Баир положија венец со свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите припадници на воздухопловниот ВИНГ на АРМ.
Стојановски учествува на конференцијата на началниците на генералштабовите од армиите на Јадранската група, во Сараево, Босна и Херцеговина, кои треба да потпишат заедничка изјава. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

