Македонија
Законска заштита за лицата кои пријавуваат недоследности
Невладината организација „Транспарентност нулта корупција“ бара донесување на посебен закон кој ќе ја регулира заштитата на лица кои пријавуваат недоследности.
Невладината организација „Транспарентност нулта корупција“ бара донесување на посебен закон кој ќе ја регулира заштитата на лица кои пријавуваат недоследности.
Ова следува откако Трајче Ристов беше избркан од работа, бидејќи јавно преку ТВ медиум и откри на јавноста дека тој и повеќе од 400 други лица работат на познатиот археолошки локалитет Исар Марвинци без да добијат било каков надомест повеќе од два месеци.
Невладината организација исто така, од Министерството за Култура и од Управата за заштита на културното наследство побарала информација за точната бројка на ангажирани лица за работа на археолошките локалитети и основот по кој се ангажирани.
„Kога како последица на анимирање на јавноста во врска со ваквите состојби ќе дојде до загуба на работата, тогаш ситуацијата е алармантна! Во Македонија покрај заштитата на правата од работа за лицата кои ќе пријават недоследности според Законот за јавна внатрешна финансиска контрола и одредбите кои ги заштитуваат синдикалните работници друга формална правна заштита на правото на и од работа не е пропишана“ се вели во соопштението на „Нулта корупција“./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

