Македонија
Ден на пожарникарството во Република Македонија
Во строј со официјален поздрав и претставување на опремата за гаснење пожар, припадниците за противпожарна заштита го одбележаа својот ден 20 мај.
Во строј со официјален поздрав и претставување на опремата за гаснење пожар, припадниците за противпожарна заштита го одбележаа својот ден 20 мај.
Зaпочнувајќи од 1836 година кога за прв пат е појавена како организирана противпожарна екипа, па се до денес Бригадата за противпожарна заштита е способна да одговори на предизвиците, што се пред неа.
„Со исто темпо продолжуваме да работиме за градење на една современа единица која е способна да се справи со сите ситуации“, истакна командантот на ПП бригада, Благоја Менковски.
Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски во своето обраќање истакна дека за оваа професија што е од хуман карактер, потребно е многу жртвување со што пожарникарите го ставаат својот живот во опасност за да го спасат животот на другите.
Трајановски додаде дека ќе се залага за достигнување на највисоките европски стандарди на Бригадата, и најави вработување на 20 нови пожарникари, како и модернизација на опремата со уште едно ново возило, два спасувачки чамци и лична противпожарна опрема.
Трајановски за наредната недела најави дека градот Скопје ќе биде домаќин на противпожарни експерти од Американските држави.
На свеченоста честитка за успех испрати и полкот за Специјални операции./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

