Македонија
Исто лице пукаше во Бутел и Кисела вода
Ист сторител утрово убил во Бутел, пукал во Кисела Вода, а потоа се обидел да се самоубие. Зоран Андоновски (50) утрово околу 8:40 часот го уби педесет и осумгодишниот Ристо Дичевски на улица „Алекса Дундиќ во населбата Бутел.
Ист сторител утрово убил во Бутел, пукал во Кисела Вода, а потоа се обидел да се самоубие. Зоран Андоновски (50) утрово околу 8:40 часот го уби педесет и осумгодишниот Ристо Дичевски на улица „Алекса Дундиќ во населбата Бутел.
Со неколку истрели го застрелал и избегал. Дичевски им подлегнал на повредите во Ургентниот центар.
Потоа Андоновски заминал во населбата Кисела вода, каде во кругот на општинската зграда повреди три лица. Во бараката број 10, соба број осум влетал вооружен и повредил тројца вработени во фирмата Латом-ИНГ, Скопје.
Неофицијално, Андоновски работел во фирмата Галатеа, која е сместена во истата барака на неколку метри од собата број осум.
Според непотврдени информации, причина за пукањето биле нерасчистени сметки, за кои се водел и судски спор.
Двајца од вработените со огнострелни рани беа пренесени во Ургентниот центар, едниот со повреда на левото рамо, а другиот со повреда на вратот.
Нивната состојба е стабилна. Третото лице што било повредено со тврд предмет не било однесено во Ургентниот центар.
По извршените злосторства полицијата го лоцирала Андоновски во стан во Аеродром. Таму биле упатени полициски екипи за лишување од слобода.
„Откако пристигнале полицајците, истиот ја одбил наредбата да се предаде, по што од внатрешноста на станот се слушнал истрел. Полицијата влегла во станот и констатирала дека осомничениот од пиштол си испукал еден куршум во стомакот“ велат од МВР.
Моментално се наоѓа на една од скопските клиники. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Мицкоски немал ниту официјална покана за инаугурацијата на Трамп, ниту бил дел од неа
Патувањето на премиерот Мицкоски во САД требаше да биде дипломатска мисија од висок ранг, но се претвори во евтина ПР фарса на сметкa на граѓаните која не им носи ништо ниту на нив ниту на државата, велат од СДСМ преку соопштение.
„Владата три дена го продаваше ова патување како „историски успех“ но вистината е сосема поинаква: премиерот немал ниту официјална покана за инаугурацијата на претседателот Трамп ниту бил дел од неа. Наместо тоа, тој присуствувал на партиски митинг организиран од Републиканската партија, од каде инаугурацијата ја следел на монитор.
Наместо сериозни средби со светски лидери или високи дипломати, добивме фотографии од хотелски лобија, ракувања „на нога“ со новинари и неколку бизнисмени од кои повеќето само пред два месеци беа тука кај нас. Ова патување не донесе ниту еден конкретен бенефит за државата, а јавноста со право прашува: колку чини овој спектакл и што добија граѓаните за возврат?
Истовремено, бугарските медиуми открија дека зад целата организација стои ПР агенција која овозможува странски политичари да присуствуваат на вакви настани за „да си направат слики“. Тоа значи дека ова не е ниту дипломатски успех, ниту признание, туку обична промоција на Мицкоски платена со пари од народот.
Според првичните проценки, ова патување ја чини државата стотици илјади евра – средства кои можеше да се искористат за реални потреби на граѓаните. На пример, со овие пари можеше да се реконструираат неколку училишта, да се купат 10 нови амбулантни возила за итната помош или да се дадат како поддршка за ранливи групи кои мака мачат со трошоците за живот.
Додека Владата троши на лажен престиж, граѓаните секојдневно се борат со сиромаштијата, со цените кои растат благодарение на Мицкоски и неговиот поданички однос кон трговците, немаат терапија во болниците. Можеби Мицкоски требаше да си го купи новиот авион кој го најавува па со него да оди да се слика во хотели.
Најголемиот срам доаѓа со обидот на Владата ова патување да го продаде како „голем дипломатски успех“. Во домашните медиуми, премиерот се претставува како „единствениот политичар од Балканот“ кој добил покана за инаугурацијата на Трамп. Но, вистината е далеку од тоа – тој беше дел од толпата на митинг и не беше поканет на официјалниот настан. Дипломатијата подразбира средби, резултати и визија за државата. Мицкоски ни понуди само слики за Фејсбук.
Граѓаните заслужуваат транспарентност. Заслужуваат да знаат колку чинеше ова патување и кој го организираше. Заслужуваат да знаат зошто Владата троши пари на вакви спектакли, додека народот едвај врзува крај со крај.
Македонија заслужува лидер кој ќе ја претставува со достоинство, а не турист кој ги користи парите на граѓаните за лажна слава.
Ова не е дипломатија, ова е фарса – и ние сите ја плаќаме цената!“, се вели во соопштението на СДСМ.
Македонија
Зендели: „Вреди“ ќе носи историска одговорност за предавството
Владата го прекрши не само Уставот, туку и Охридскиот договор и Законот за јазиците, изјави Арта Билали Зендели од ДУИ.
Според партијата, усвојувањето на измената на Законот за заштита на децата, во која се утврдува дека лиценците ќе се издаваат на албански јазик само на барање на корисникот, е акт кој ја минимизира важноста на албанскиот јазик, намалувајќи го од службен и задолжителен јазик до опција што се нуди само на барање, со што се прекршува основниот статус на албанскиот јазик како службен во оваа држава.
„Потсетуваме дека Владата мора веднаш да ја исправи оваа грешка и да постапи согласно Уставот и Охридскиот договор. ДУИ ќе продолжи да остане цврсто посветена на заштита на правата на Албанците, за да обезбедиѓе дека службените јазици ќе се третираат со истиот почит и еднаквост, како што е предвидено со законите на оваа држава. Исто така, им упатуваме повик до партијата на кослицијата влен , да престанат веднаш со помагањето на ова понижување и деградација на статусот на албанскиот јазик. Влен ќе ја сноси историска одговорност за оваа предавство, бидејќи ниедна привилегија на власта не може да го оправда учеството во овие акти што ги повредуваат достоинството и правата на Албанците“, се вели во партиското соопштение.
Македонија
Николоски: Од Скопје ќе се лета до Женева и Париз, воведуваме уште две нови дестинации на барање на дијаспората
Од Меѓународниот аеродром „Скопје“ се воведуваат уште две нови авиолинии:
Скопје – Женева
Скопје – Париз (аеродром „Орли“)
Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата „Изиџет“, со тоа што линијата Скопје – Париз ќе почне да се оперира од 2 април, а линијата Скопје – Женева од 3 ноември оваа година.
„Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување нови авиолинии. Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е сè уште отворен и на него може да се пријават сите заинтересирани авиокомпании, кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот.
Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации што ги обезбеди Министерството за транспорт. Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите:
Охрид – Истанбул
Охрид – Базел Мулхаус
Скопје – Дубаи
Скопје – Штутгарт
Скопје – Лион
Скопје – Барселона
и за нив се овозможува финансиска подршка по принципот патник во доаѓање.
Ова е уште една одлична вест за граѓаните, за авиосообраќајот и за државата. Ова е резултат на добрите политики што ги спроведуваме во делот на авиосообраќајот. Париз и Женева се две атрактивни дестинации за граѓаните. Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои веќ и преговараме и очекувам воведување и други дестинации од домашните аеродорми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот. Дополнително, на граѓаните им овозможуваме нови дестинации, а на нашите од дијаспората олеснување во комунакцаијата со своите блиски овде во Македонија. Развојот на авиосообраќајот е дел од владините приоритети и еве се потврдуваат нашите напори и овој сегмент да го развивавме“, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.