Македонија
Полицијата приведе три лица за разбојништво

Македонската полиција соопшти денеска дека привела три лица од Скопје, кои вчера извршиле разбојништво при што се стекнале со против правна имотна корист од 10.000 денари, а во тек е расчистување на уште десетина други слични дела
Македонската полиција соопшти денеска дека привела три лица од Скопје, кои вчера извршиле разбојништво при што се стекнале со против правна имотна корист од 10.000 денари, а во тек е расчистување на уште десетина други слични дела.
Како што е соопштено синоќа се приведени М.С.(19) и С.Р.(19) двајцата од Скопје, а изутрината уште едно лице за кое постојат индиции дека соработувало со двајцата осомничени и дека е инволвирано во повеќе разбојништва и кражби на подрачјето на Скопје.
Последното разбојништво го извршиле вчера попладне околу 17:00 часот, во автобус на ЈСП кој сообраќал на линија бр.2. од Автокоманда до Сарај, над оштетениот Г.Г.(1992) од Скопје,
Осомничените најпрво му побарале да им даде пари, а откако тој одбил, со употреба на физичка сила – удари со шлаканици и тупаници по главата, од вратот насилно му одзеле златен ланец, по што на автобуската станица кај Хотел „Континентал„ го напуштиле автобусот и се упатиле кон населбата Гази Баба.
Истата вечер околу 21,30 часот, лицата се пронајдени и приведени каде во разговор со полицајците го признаа делото и го појаснија начинот на извршување. Од С.Р. одземено е едно златно ланче кое му е вратено на оштетениот. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од село Инџиково од улиците: 3, 7, 14, дел од ул. 10 и дел од ул. Маџари. (Општина Гази Баба)
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска и дел од ул. Драчевска. (Општина Кисела Вода)
· од 09:30 до 13:30 часот, корисниците од ул. Добре Ивановски, и дел од ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
Македонија
Денеска максималната температура до 38 степени, од утре потопло

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на сончево и топло време со мала до умерена облачност.
Температурите ќе бидат во постепен пораст, особено од четврток до средината на наредната седмица кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надмине 40°C. Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Македонија
Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

На покана на Јерн Фленк, директор на Атлантскиот совет, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на настан организиран од Советот, кој се одржа во просториите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Покрај министерот Муцунски, на настанот се обратија и министерката за европски прашања на Црна Гора, Маида Горчевиќ, како и претставници Делегацијата на Европската Унија, невладиниот сектор и самиот Атлантски совет.
Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи потребата од одлучна и доследна поддршка за реформските процеси во регионот. Посебен акцент стави на Планот за раст како практичен инструмент кој го забрзува приближувањето кон единствениот европски пазар и носи реални економски придобивки за граѓаните – уште пред полноправното членство.
Министерот подвлече дека реформите мора да бидат препознаени и вреднувани од страна на Европската Унија преку конкретни и навремени чекори, со цел зачувување на кредибилноста на процесот на проширување и спречување на дополнително разочарување кај граѓаните. Тој истакна дека реформските процеси се потврда за јасната европска ориентација на Владата, и дека нивното спроведување не претставува само исполнување на агенда, туку реално подобрување на квалитетот на животот и на општеството во целина.
Во завршницата на обраќањето, министерот Муцунски, во контекст на денешниот Самит, ја повтори пораката дека Западниот Балкан е составен дел од Европската Унија и дека европската целина ќе биде комплетна само ако земјите од регионот станат нејзин дел. Тој упати повик за забрзана интеграција на регионот, што ќе значи и вистинска европеизација на овој дел од континентот.