Македонија
Македонија ги чествува Св. Кирил и Методиј
Македонија го празнува Денот на сесловенските браќа Свети Кирил и Методиј, мисионерите на христијанство и творците на словенската азбука.
Македонија го празнува Денот на сесловенските браќа Свети Кирил и Методиј, мисионерите на христијанство и творците на словенската азбука.
Македонската делегацијата во рамките на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил” денеска ќе учествува на молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим.
Св. Кирил и Методиј се основачи на првата словенска азбука-глаголицата.
Во 11 век Црквата го прогласила 24 мај (11 мај по стариот календар) за ден на светите просветители Кирил и Методиј.
Денот во Република Македонија прв пат бил обележан на 11 мај 1860 година во црквата Св. Богородица во Скопје.
Во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил“ која традиционално се одржува во Рим, годинава беа презентирани и повеќе културни содржини.
Музејот за современа уметност во Рим ја презентираше изложбата „Синестезија“ чиј куратор е Викторија Васева-Димеска, а беше промовиран и зборникот „Славистички студии“.
Во комплексот „Сан Микеле“ e презентирана монодрамата „Синови на сонцето“ во изведба на Петар Темелковски, а концерт ќе одржи и квартетот “Мјузик прогресив“./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

