Македонија
Груевски: Не треба да се потценуваат граѓаните

„Мислењето на граѓаните за прашањето за името не е изградено од пред две – три години, тоа трае веќе 20 години, а со тоа се потценуваат граѓаните дека недоволно се информирани од Владата за спорот со името” рече премиерот Никола Груевски.
„Мислењето на граѓаните за прашањето за името не е изградено од пред две – три години, тоа трае веќе 20 години, а со тоа се потценуваат граѓаните дека недоволно се информирани од Владата за спорот со името” рече премиерот Никола Груевски.
Премиерот ова го наведе, откако беше запрашан за коментар на изјавата на евроамбасадорот Ерван Фуере и Комесарот за проширување Штефан Фуле дека Владата на Македонија треба да води поширока јавна дебата околу преговорите за спорот со името со граѓаните.
Премиерот Груевски изјави дека ги видел резултатите од анкетата на Дневник каде над 50 отсто од граѓаните одговориле дека преговорите на Владата за спорот со Грција треба да прекинат, неговиот став е дека „високото ниво на отпор на граѓаните прикажано во анкетата не треба да се препишува на Владата, граѓаните не се така лесно подводливи како што тоа сака некој да го прикаже и мислењето на еден или двајца не е релевантно за сите граѓаните“.
Премиерот рече дека го смета за скептично прашањето на словенечкиот европратеник Зоран Талер дали изјавите на Владата за влез во ЕУ се вистински или декларативни за тоа дека Владата треба повеќе да го води јавното мислење.
„Ние максимално се залагаме за решаваше на спорот и влез во ЕУ и дека во тој дел не треба да се сомневаме” изјави Груевски на денешната промоција на нови стручни книги во Скопје./крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Инвестираме во грижата и образованието на децата од градинките

„Како Влада на „Влен“, продолжуваме да придонесуваме за подобрување на условите за нашите граѓани. Како дел од инвестирањето во подобри образовни услови и инфраструктура во предучилишното образование, Владата на „Влен“ инвестира во изградба на градинки во Чаир и Сингелиќ. До 2028 година, се очекува да се создадат речиси 4.000 нови простори во градинките низ целата земја, преку изградба на 28 нови капацитети. Како што најави министерот Фатмир Лимани, досега се изградени капацитети што овозможуваат сместување на околу 1.500 деца, додека во изградба се уште 11 објекти што ќе обезбедат простор за уште над 1.100 деца“, велат од „Влен“.
„Оваа инвестиција е важен чекор кон пошироко вклучување на децата во образовниот систем од рана возраст, гарантирајќи подобар и порамноправен почеток за сите деца без етнички, социјални или регионални разлики. Современите дневни центри што се градат се опремени со современи и модерни стандарди, што обезбедува безбедна, топла и образовна средина за децата и нивниот развој. Оваа инвестиција од Владата која се грижи за граѓаните уште еднаш ја покажува важноста што се дава на инвестирањето во иднината на земјата преку квалитетно образование за нашите деца од предучилишна возраст.
Покрај директните придобивки за децата, преку обезбедување поквалитетно образование, овие проекти позитивно влијаат и на животот на нивните родители, кои ќе имаат повеќе можности за професионално ангажирање на своите работни места. Бидејќи грижата, безбедноста и образованието на децата ќе се одвиваат во дневните центри што се градат. Овој проект, исто така, го промовира локалниот развој, создава нови работни места и ја зајакнува заедницата.
Владата на „Влен“ останува посветена на создавање одржлива образовна инфраструктура што ќе им служи на сегашните и идните генерации!“, соопшти „Влен“.
Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.