Македонија
СДСМ: 90 милиони евра штета поради доцнење на опремата во РЕК Битола
Две и пол години доцни примената на новата опрема за ископ на јаглен во РЕК Битола, поради што е нанесена штета од 90 милиони евра, обвинија денеска од СДСМ.
Две и пол години доцни примената на новата опрема за ископ на јаглен во РЕК Битола, поради што е нанесена штета од 90 милиони евра, обвинија денеска од СДСМ. Од опозициската партија велат дека багерот СРС 1050 и одлагачот А2 РСБ 5500 што свечено беа пуштени во употреба пред два дена од страна на премиерот Никола Груевски, всушност се набавени во 2005 година, додека нивната примена требала да почне на 14-ти декември 2007 година. Според СДСМ, поради ова доцнење и ангажирањето на надворешни фирми за ископ на јаглен, настанала штета од 90 милиони евра. „Заради доцнењето од 865 дена, граѓаните од своите џебови непотребно платија дополнителни 90 милиони евра или секој месец по 3 милиони евра повеќе. Заради недомаќинското работење на Груевски и лични и партиски бизнис интереси граѓаните секој месец го плаќаат цехот со повисоки сметки за струја. Најсмешното во сиот циркус е што само два часа после посетата на Груевски багерот престана и сеуште не работи“, рече Весна Бендевска, пратеник од СДСМ. За тврдењата изнесени на денешната прес-конференција на СДСМ, реакција најавија од ЕЛЕМ. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините врнежи од слаб снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со појава на магла. Во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.
Македонија
Посебен режим на сообраќај во Скопје за празникот Водици
На 19.01.2026 (понеделник) Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во Скопје.
Во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул. „Филип Втори Македонски“ на потегот од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до крстосницата со ул. „11 Октомври“ во двете насоки.
Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“, бул.„Партизански Одреди“ до ул.„Ѓорче Петров“, ул.„Ѓорче Петров“ до ул.„Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“, ул.„Козле“, дел од ул.„Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на реката Вардар. Во општина Аеродром за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон Горно и Долно Лисиче.
СВР Скопје апелира со сите учесници во сообраќајот да ги прочитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.
Македонија
Утре локални врнежи од дожд, на планините снег
Утре на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени.
За време на викендот на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег.
Во поденелник и вторник има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. Од утре до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање.

