Македонија
Хоризонт: Што побрзо да се пополнат директорските места во четири болници

Министерот за здравство што побрзо да ги пополни испразнетите директорски места во болниците во Скопје, Битола, Демир Хисар и Крива Паланка, побараа денеска од невладината организација „Хоризонт Македонија“.
Министерот за здравство што побрзо да ги пополни испразнетите директорски места во болниците во Скопје, Битола, Демир Хисар и Крива Паланка, побараа денеска од невладината организација „Хоризонт Македонија“.
Според нив, ова е еден од основните предуслови за надминување на проблемите со кои во моментов се соочуваат здравствените институции. „Бараме од министерот за здравство во најскорото време да ги назначи новите директори на овие здравствени институции и онаму каде што има недомаќинско работење, ако тоа се докаже од страна на надлежните институции, истите да бидат санкционирани, а не наградени“, изјави Ивица Младенов, претседателот на „Хоризонт Македонија“. Владата на 4-ти мај ги разреши директорите на Клиничката болница од Битола, Универзитетската клиника за детската хирургија во Скопје, Специјалната болница за психијатриски болести во Демир Хисар и Здравствениот дом во Крива Паланка поради утврдени неправилности во раководењето со овие институции. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мицевски: Кандидатите на СДС се истите од претходните избори, избрани по волја на Заев

Пратеникот и член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Јане Мицевски, на прес-конференција одржана на 5 јули, изјави дека кандидатите на СДСМ за претстојните локални избори се истите кои се појавиле и во претходните два изборни циклуси.
Според него, тоа претставува доказ дека, како што рече, „Зоран Заев ги одбира кандидатите, а Венко Филипче ги потврдува“.
Мицевски ги посочи примерите на неколку актуелни кандидати, меѓу кои и кандидатот за градоначалник на општина Јегуновце, Дарко Блажевски, кој повторно е предложен од СДСМ. Тој го обвини Блажевски за неисполнети проекти и за, како што рече, „лична корист од ветените јавни проекти“.
„Во Јегуновце беше ветен културен дом, а на крајот стариот објект премина во негова сопственост“, рече Мицевски, додавајќи дека и во другите населени места, како Јанчиште и Жилче, дел од ветените проекти не биле реализирани додека Блажевски бил на функција.
Во своето обраќање, Мицевски оцени дека СДСМ се соочува со недостиг на нови и квалитетни кадри и затоа повторно ги кандидира истите лица. Тој додаде дека граѓаните, според ВМРО-ДПМНЕ, даваат поголема поддршка на нивните кандидати.
Македонија
(Видео) СДСМ Куманово: Димитриевски влезе во коалиција со Мицкоски за да се спаси од судски прогон

Соња Тодоровска од СДСМ Куманово, се осврна на одлуката на Обвинителството да се откаже од постапката против Максим Димитриевски.
Според Тодоровска, повлекувањето на Обвинителството го открило, како што рече, вистинскиот договор меѓу Димитриевски и Христијан Мицкоски. Таа обвини дека Димитриевски добил заштита од актуелната власт, а неговото коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ го оцени како обид да избегне одговорност.
„Максим Димитриевски не е коалициски партнер, туку тој е декор, инструмент, политичка маска“, рече Тодоровска, додавајќи дека, според СДСМ, неговиот ангажман е воден од бизнис интереси и внатрепартиски договори.
Во изјавата беше нагласено дека, според СДСМ Куманово, граѓаните веќе го препознале политичкиот профил на Димитриевски и дека „на Куманово и на Македонија ѝ се потребни чесни луѓе со став и интегритет“.
Тодоровска порача дека „правдата може да биде одложена, но нема да биде избегната“ и најави дека ќе има одговорност.
Македонија
Стефковски со порака до Водовод: Пуштете вода веднаш или излегуваме на улица

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски преку својот профил на социјалните мрежи се обрати до граѓаните по однос на проблемот со недостатокот на вода за пиење.
Како што пишува Стефковски, населените места Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто се оставени без вода за пиење поради недостаток на колични на вода.
„Во услови на екстермно високи температури, ваквата состојба е не само недозволива, туку и срамна. Ги потсетувам Град Скопје и ЈП Водовод и канализација дека не постојат сами за себе, туку за граѓаните. Како градоначалник избран од народот им порачувам: проблемите на граѓаните се и мои проблеми“, напиша Стефковски.
Тој упати апел за итно постапување, интервенција и изнаоѓање решение, а во спротивно најави дека ќе ги поддржи граѓаните во превземањето на сите демократски методи и најави можна организација на протести.
„Затоа денес, јавно и јасно упатувам апел за ИТНО постапување. Бараме итна интервенција и решение! Доколку оваа состојба не се реши веднаш, ќе го поддржам народот во превземањето на сите демократски методи. Ќе излеземе на улица!
Институциите кои молчат ќе се соочат со гневот и незадоволството на граѓаните. Нема да дозволам никој да биде оставен без вода во 21 век, во главниот град на Македонија!
Ова не е политичко прашање – ова е прашање на живот. Граѓаните заслужуваат почит, а не игноранција“, заклучи Стефковски.