Македонија
УНИЦЕФ ќе промовира студија за состојбата на децата и младите
“Благосостојбата нa децата и младите во време на економска криза“ е студијата на УНИЦЕФ, што денеска ќе биде промовирана во хотелот “Холидеј ин“.
“Благосостојбата нa децата и младите во време на економска криза“ е студијата на УНИЦЕФ, што денеска ќе биде промовирана во хотелот “Холидеј ин“.Студијата се потпира на теренски истражувања, преглед на соодветните програми и политики и на постоечки статистички податоци. Студијата дава увид во влијанието на економските кризи врз животот на децата и младите во земјата, велат од УНИЦЕФ.Таа препорачува, освен мерките за стимулирање на економскиот раст во земјата, да се спроведат и понасочени мерки од областа на социјалната политика за да се намали товарот од кризата врз најранливите групи. На промоцијата воведни излагања ќе имаат министерот за труд и социјална политика, Џелал Бајрами и претставникот на УНИЦЕФ Шелдон Јет. /крај/со/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лидерите на ВЛЕН на инаугурацијата на Трамп: Албанците се и остануваат про-Американци, тесно поврзани со принципите на слобода и правда што ги претставуваат САД
„Лидерите на коалицијата ВЛЕН, присутни во срцето на инаугурацијата на претседателот Трамп, силно ја покажуваат својата посветеност на интересите на Албанците во Северна Македонија. Ова големо учество во светската престолнина, Соединетите Американски Држави, е историски момент што ги покажува нашите блиски врски со западната демократија и нејзините вредности“, велат од ВЛЕН.
„ВЛЕН е таму за да покаже дека Албанците се и остануваат про-Американци, тесно поврзани со принципите на слобода и правда што ги претставуваат САД. Но, оваа љубов кон Америка честопати ја злоупотребуваа некои нечесни политичари, кои го искористија ова благородно чувство за да се збогатат и да ги газат интересите на народот.
Албанците сега знаат, ВЛЕН е вистинскиот глас на албанските интереси и сојузи со САД! Коалицијата ВЛЕН е силата која носи вистински промени и е надеж за иднината на Албанците! Сите сега знаат дека со ВЛЕН, Албанците ќе имаат светла иднина!“, соопштуваат од ВЛЕН.
Скопје
Стефковски: Три години мандат – нула денари трошоци за репрезентација
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски вети отчетно, транспарентно и домаќинско работење и изминатите три години тоа го покажа на дело, велат од општината.
Во објава на социјалните мрежи, градоначалникот Стефковски информира дека во изминатите 3 години од мандатот не се потрошени ниту еден денар средства од буџетот на општина Гази Баба за репрезентација, службено возило за градоначалникот и дневници за патувања во странство.
„Да се биде градоначалник значи посветено да се служи на народот, а не да се користи како можност за трошење на средствата од буџетот за лични привилегии. На првиот работен ден од мојот мандат за градоначалник се откажав од користење на службено возило, средства за репрезентација и дневници за патувања во земјата и надвор од неа. Довербата од граѓаните за мене значи чест, а пред и над се одговорност“, пишува градоначалникот Стефковски.
Оваа пракса на некористење на буџетски средства за непродуктивни трошоци е воведена со доаѓањето на Стефковски за градоначалник на Гази Баба, се додава во соопштението од општината.
Македонија
МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот
На свечен настан кој се одржа во UTOPIA private business club, МИНТ Финтек Групацијата беше почестена со признание за нивната поддршка и партнерство во последното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Признанието го врачи Симеон Мони Дамевски, директор на фестивалот, на Марјан Вучковиќ, кој раководи со маркетинг секторот на МИНТ Финтек Групацијата.
Настанот, кој собра сите спонзори и поддржувачи на фестивалот, беше одлична можност да се потврди успешната соработка и значајната улога на бизнис заедницата во поддршката на уметноста и културните настани.
МИНТ Финтек Групацијата, со својата посветеност на иновации и напредок, гордо стои зад визијата на фестивалот за истакнување на уметноста на филмската камера и поддршка на филмската индустрија во регионот. Ова признание претставува поттик за идни заеднички проекти кои ќе ги поврзат технологијата и културата во нови и возбудливи форми.
ПР