Македонија
109 новозаразени и тројца починати од компликации со Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на Kовид-19 во Скопје – 40, Куманово – 10, Штип – 3, Прилеп – 12, Тетово – 6, Струга – 4, Битола – 6, Охрид – 7, Кавадарци – 3, Гостивар – 2, Струмица – 2, Крива Паланка – 2, Пробиштип – 1, Пехчево – 1, Виница – 2, Делчево – 1, Свети Николе – 1, Кичево – 4 и по еден во Ресен и Неготино.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од Скопје – 29, Куманово – 13, Дебар – 2, Штип – 4, Тетово – 4, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 13, Струмица – 1, Радовиш – 1, Пехчево – 1, Виница – 2, Делчево – 6, Свети Николе – 4 и шестмина од Кичево.
Починати се 3 лица, пациент од Кичево (64), пациент од Скопје (61) и пациентка од Македонски Брод (70). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, бројката на оздравени пациенти е 12.054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.208.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката на активни случаи по градови е следна:
• Скопје 6.054, активни 755
• Куманово 1.522, активни 277
• Дебар 259, активни 28
• Штип 1.172, активни 111
• Прилеп 510, активни 143
• Тетово 1.240, активни 121
• Струга 587, активни 59
• Велес 275, активни 27
• Битола 221, активни 43
• Охрид 354, активни 42
• Кавадарци 189, активни 51
• Гостивар 807, активни 146
• Гевгелија 55, активни 30 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 75, активни 23
• Крива Паланка 54, активни 18
• Радовиш 45, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 155, активни 28
• Пробиштип 86, активни 16
• Демир Хисар 60, активни 3
• Македонски Брод 74, активни 7
• Пехчево 32, активни 25
• Берово 64, активни 51
• Валандово 9, активни 2
• Виница 81, активни 31
• Делчево 82, активни 63 (20 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 21, активни 5
• Свети Николе 298, активни 45
• Кичево 279, активни 42
• Ресен 147, активни 1
• Неготино 47, активни 8 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 154.948 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 43.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 2 позитивни деца, 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 6 нови, а вкупно хоспитализирани се 21 пациенти. Нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката за активни случаи по скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 88
• Гази Баба – 78
• Аеродром – 110
• Карпош – 78
• Центар – 81
• Кисела Вода – 87
• Ѓорче Петров – 42
• Бутел – 52
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 30
• Сарај – 22
• Арачиново – 13
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ледени зрна на одделни патни правци: ЦУК апелира на зголемена внимателност поради заледување на патиштата
Центарот за управување со кризи известува дека денес, во попладневните часови, на одделни патни правци е евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваат брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемена внимателност, да ја прилагодат брзината според условите на патот, да одржуваат поголемо безбедно растојание и задолжително да користат соодветна зимска опрема.
Македонија
Градоначалникот на Битола им се придружи на младите бадникари во изработката на бадниковите ѕвезди
Пред дестина дена започнаа подготовките за годинашната Бадникова поворкa која ќе се одржи годинава и во Битола, како и во многу други градови и населени места во Македонија.
На младите бадникари-деца од различни возрасти во подготовката, односно изработката на бадниковите ѕвезди, вечерва им се приклучи и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Организаторите на поворката велат дека вредните детски раце неуморно и со љубов и верба во традицијата ги изработуваат овие ѕвезди, подготвувајќи се за Бадник.
На 6 јануари на големиот верски празник Бадник, собирно место ќе биде плоштадот „Магнолија“ од каде ќе се упатат кон Соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“, а потоа и низ Широк Сокак до Офицерскиот дом каде ќе биде завршниот дел на поворката, велат од Општина Битола.
Организаторите упатуваат повик до сите оние кои што сакаат да бидат дел од Бадниковата поворка на големиот празник да им се приклучат.
Македонија
МВР со посебен план за безбедност и сообраќај во Маврово за зимската туристичка сезона, најави Тошковски
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на Полициското одделение Маврово, Полициското одделение Ростуше и Полициската станица за граничен надзор Жировница, при што се запозна со тековните активности, условите за работа и конкретните предизвици со кои се соочуваат полициските службеници на терен.
„Во ПО Маврово ќе се изготви посебен план за претстојната зимска туристичка сезона, со цел овозможување подобар проток на сообраќајот, навремено управување со зголемениот број посетители и распоредување на соодветен број полициски службеници за одржување на јавниот ред и мир.“, потенцираше Тошковски.
При посетата на Полициското одделение Ростуше беше разгледана можноста за обука на полициски службеници за вршење увиди на сообраќајни незгоди, што ќе овозможи побрзо и поефикасно завршување на постапките на лице место. Оваа мерка ќе придонесе за намалување на времето на чекање, избегнување подолготрајни блокади на сообраќајниците и зголемување на функционалноста на системот, имајќи предвид дека досега овие увиди ги вршеа екипи од Гостивар.
Во Полициската станица за граничен надзор Жировница беше отворено и прашањето за можност дел од просторот во рамки на станицата да биде отстапен на општината, со цел обезбедување паркинг простор за жителите, како практично и рационално решение во интерес на локалната заедница.

