Македонија
Приведени седум танчерки од клубот „Монако“ во Гостивар
Во полициска акција, при контрола на угостителскиот објект „Монако’’, што се наоѓа на излезот од Гостивар кон Тетово, затекнати се седум девојки од Република Србија, на возраст од 22 до 26 години, кои во ноќниот бар биле ангажирани како танчерки.
Во полициска акција, при контрола на угостителскиот објект „Монако’’, што се наоѓа на излезот од Гостивар кон Тетово, затекнати се седум девојки од Република Србија, на возраст од 22 до 26 години, кои во ноќниот бар биле ангажирани како танчерки. Сопственик на барот е 42-годишниот Ф.Ч од село Чегране.
Седумте странски државјанки се приведени и се задржани во полициската станица Гостивар. Полицијата превзема мерки за целосно рачистување на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави против сопственикот на објектот и девојките за нелегален престој и вработување.
Во изминатите пет месеци од оваа година, на подрачјето на СВР Тетово спроведени се 17 редовни и 8 акциски контроли, во вкупно 43 угостителски објекти. Во контролите, се затекнати 29 странски државјанки и 19 девојки од нашата земја.
Меѓу странските државјанки, 13 биле од Република Албанија, 9 од Бугарија и 7 од Република Србија. На странските државјанки изречени им е мерка забранет влез во Република Македонија од шест месеци до една година и истите се депортирани во нивните матични земји./крај/мвр/см
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

