Македонија
Дебата на Фуере и ДК за „Новата дипломатска служба на ЕУ“

Специјалниот претставник и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија Ерван Фуере со членовите на Дипломатскиот клуб (ДК) ќе дебатираат на тема „Новата дипломатска служба на Европската унија“ согласно Лисабонскиот договор.
Специјалниот претставник и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија Ерван Фуере со членовите на Дипломатскиот клуб (ДК) ќе дебатираат на тема „Новата дипломатска служба на Европската унија“ согласно Лисабонскиот договор. Целта на презентацијата на Фуере е запознавање со процесите во ЕУ врзани за начинот на дипломатското претставување на ЕУ согласно новините од Лисабонскиот договор, а во контекст на соодветна и навремена информираност на дипломатската структура на Република Македонија за соработка со новите структури на ЕУ. На настанот, покрај членовите на Дипломатскиот клуб ќе присуствуваат и македонски дипломати, странските дипломатски претставници акредитирани во Република Македонија, и претставници на медиумите.Дебата ќе се одржи во Народната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.