Македонија
Селмани:Албанците во најтешка положба по 2001 година
Албанскиот народ во Македонија денес од една страна го доживува најтешкиот период на политички, економски и социјален аспект по 2001 година, изјави денеска лидерот на „Нова Демократија“, Имер Селмани.
Албанскиот народ во Македонија денес од една страна го доживува најтешкиот период на политички, економски и социјален аспект по 2001 година, изјави денеска лидерот на „Нова Демократија“, Имер Селмани.
Според него, Албанците од друга страна се соочуваат со блокирана перспектива за интеграции во НАТО и Европската унија.
„Сето ова доаѓа како резултат на погрешните политики на актуелната Влада Груевски-Ахмети, но истотака ваквата позиција ја помага и недостигот на меѓупартиски консензус на албанските политички партии за најбитните национални и државни прашања“, рече Селмани
Порачувајќи дека албанските партии треба да направат консензус по повеќе прашања како што е имплементацијата на Охридскиот договор, Селмани побара да се спречи проектот „Скопје 2014“
„Време е да го постигнеме потребниот меѓупартиски консензус за вклучување на албанскиот политички фактор во решавањето на спорот околу името помеѓу Македонија и Грција, затоа што истиот директно ја загрозува нашата евро-атлантска перспектива и надежта за подобар и посигурен живот за нашите семејства“, рече Селмани. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

