Македонија
Граѓаните се повеќе се интересираат за заштита на личните податоци
Проблеми поврзани со интернет, матичен број, како и крадење на идентитет. Ова се најчестите барања кои граѓаните ги доставуваат до
Проблеми поврзани со интернет, матичен број, како и крадење на идентитет. Ова се најчестите барања кои граѓаните ги доставуваат до Дирекцијата за заштита на личните податоци. По пет години од донесувањето на Законот за личните податоци, граѓаните се пoвеќе се интересираат за ова нивно човеково право.
„Бројот на официјално поднесени барања е бројка која треба да ја имаме во предвид, но граѓаните постојано се јавуваат во дирекцијата, контактираат со нас преку и-меил, особено во последно време кога станува збор за интернет, проблеми поврзани со матичен број. Можам да кажам дека граѓaните веќе ја чувствуваат дирекцијата како свој сервис и постојaно контактираат со нас“ изјави Елена Стојановска од Дирекцијата за заштита на личните податоци.
По пет години од постоењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци и истовремено од донесувањето на законот беа промовирани публикациите
„Коментар за Законот за заштита на личните податоци“ и „Прирачник за практично спроведување на Правилникот за технички организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци“.
„Пред пет години можам да кажам дека многу малку се знаеше за ова право бидејќи и претходно не беше промовирано, освен по основот кој што го имаме во уставот, посебен закон за заштита на приватноста не постоеше. Со постојано работење и подигнување на јавната свест, денеска можам да кажам дека е многу зголемен бројот на граѓани кои доаѓаат во дирекцијата со барање за утврдување на повреда на правото на приватност“ додаде Стојановска.
Целта на овaa публикации е да им се помогне на контролорите во смисла како да ја изработуваат документацијата за техничко – организациските мерки како и за имплементација на законот.
Акцентирањето на правото за заштита на личните податоци се интензивира со донесувањето на Законот во 2005 година и со основањето на Дирекцијата за заштита на личните податоци./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

