Македонија
Рикер: Решението за спорот со името е возможно

Решениe за спорот со името е возможно, ние се надеваме дека ќе се изнајде во што поскоро време, рече денеска американскиот амбасадорот Филип Рикер, по средбата со народниот правобранител Иџет Мемети.
Решениe за спорот со името е возможно, ние се надеваме дека ќе се изнајде во што поскоро време, рече денеска американскиот амбасадорот Филип Рикер, по средбата со народниот правобранител Иџет Мемети.
Тој рече дека ставовите и надежите на Америка во однос на Македонија дека се јасни.
„Многупати сум го кажал ова и сметам дека нашиот став е добро познат, а го потврди и заменикот државен секретар, Филип Гордон во текот на посетата на Македонија минатиот месец. Нашата цел е решението да се најде во брзо време,“ рече Рикер.
Според него решението е можно и дека не треба да се создаваат повеќе проблеми од оној што веќе постои.
„Целта е поубава иднина, двете земји можат да изнајдат решение, но тоа сепак зависи од нив“, рече Рикер.
На средбата Рикер-Мемети било разговарано за човековите права во земјава и било заклучено дека не постои задоволително почитување на човековите права и слободи во Република Македонија.
Мемети изјави дека состојбите во јавната администрација, судската власт, во затворите и во психијатриските болници се загрижувачки.
Тој апелираше на поголема соработка со другите институции.
Рикер посочи дека од голема важност за една демократија е независно судство и според него треба посветено да се работи на овој процес.
Според Рикер состојбата во затворите е загрижувачка и во изминатава година на тоа поле како што рече не е забележан никаков прогрес./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Земјиште на ЕВН дадено на користење за археолошки истражувања

ЕВН Македонија му ја даде на користење на Археолошкиот музеј, парцелата во локалитетот „Тумба Маџари“ во Скопје, со цел спроведување на понатамошни археолошки истражувања кои се од исклучителна важност за разбирањето на историјата на целиот Балкан и Европа.
Првиот човек на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер и директорката на Археолошкиот музеј, Магдалена Манаскова, потпишаа Договор за долгорочно користење на парцела од 6000 квадратни метри, а на настанот беа присутни и Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и амбасадорот на Австрија, Мартин Памер.
„Овој договор за отстапување на парцелата за истражувања на Археолошкиот музеј е симбол на посветеност за презентација на културното наследство и заштита за идните генерации. Ова наследство не е важно само за историјата на Македонија, туку е дел и од европската цивилизација“ истакна Маиер.
За директорката Манаскова, поддршката од ЕВН е пример за општествена одговорност, а договорот е основа за долгорочна соработка која ќе овозможи подобри услови за работа на археолошкиот локалитет.
Македонија
Арсовска до Тошковски: До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега се заканува, што е следно

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, вели дека полицискиот службеник Синан Алили ѝ упатил закани на социјалните мрежи.
Во објава на својот Фејсбук профил, Арсовска напиша дека по нејзино прашање дали се работи за закана или ѝ се причинило, Алили го избришал коментарот.
„Синан Алили кога го прашав дали ми се заканува или така ми се чини инстант го избриша коментарот. Сигурно од Министерство за внатрешни работи и Панче Тошковски се исклучително горди на овој свој полицаец.
И сега да прашам, ми препорачува Синан да бидам добра и глас да не ми се слуша. А ако според него не сум и не молчам тогаш што“, прашува Арсовска во напишаното.
Дополнително упатува и прашање до министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Овие кадри треба да ни ја гарантираат безбедноста Панче? До сега полицијата не постапуваше по заканите, сега полиција се заканува, што е следно?
Да, жена сум и не ви се плашам, ама дека не постапувате и штитите криминалци кои со фалсификат документи имаат стекнато над 150 згради вредни милиони, гледа народ, пишува Арсовска.
Македонија
„Вреди“ бара истрага за намерна манипулација со бројот на Aлбанците на пописот

Од „Вреди“, известуваат дека ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичката власт во врска со пописот на населението.
Причина за пријавата, како што појаснуваат е сериозниот сомнеж за политичко договарање и следствено на тоа, фалсификување на резултатите од Пописот во 2021 година. Од „Вреди“ се сомневаат дека е извршено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување (чл. 353 од Кривичен Законик).
„Последиците од овој чин се далекусежни: драстично и свесно е намален бројот на прикажаните Албанци во многу села, населени места и градови низ државата. Со тоа Албанците лично и поединечно губат многу права (гарантирани со Уставот) како вработувања, политичка застапеност и јазична еднаквост. Но и институциите се доведени во ситуација да олучуваат за намена на средства и фондови по погрешни и намалени бројки, со што повторно се оштетени граѓаните во многу општини“.
Бараат Јавното Обвинителство да ги испита овие наводи.
„Дополнително, овие денови високи функционери на ДУИ јавно признаа дека „пописот бил во рамки на договореното“, што уште повеќе го поткрепува сомнежот за политичка режија на целата операција“.
Од „Вреди“ велат дека ја преземаат ваквата иницијатива во одбрана на законитоста, еднаквоста и реалната статистичка слика на државата. Очекуваат ОЈО итно да отвори предмет, да ги обезбеди сите материјални докази и да спроведе темелна истрага.
„Нема компромис кога се повредува достоинството и бројноста на нашата заедница. Борбата за вистината започнува сега и ќе ја истуркаме до крај, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија“.