Македонија
Притворени двајца извршители на тешки кражби
Притвор од 20 денови му е одреден на Х.В (40) осомничен за три тешки кражби и на негов соучесник во една кражба М.Х (41), соопшти денеска министерството за внатрешни работи
Притвор од 20 денови му е одреден на Х.В (40) осомничен за три тешки кражби и на негов соучесник во една кражба М.Х (41), соопшти денеска министерството за внатрешни работи.
Х.В. (40) од прилепското село Канатларци и М.Х.(41) од Скопје, со кражбите се стекнале со противправна имотна корист од околу 88.000 денари.
Според сознанијата на полицијата Х.В. на 31.12. 2009 година на улица “Самоилова“ извршил тешка кражба во приватно ПМВ, при што со употреба на сила влегол во возилото и украл лични документи и прехранбени производи.
Потоа ноќта на 04 спроти 05 мај годинава тој со употреба на соодветен алат од објект во изградба (Меморијален центар на Евреите од РМ) украл електричен кабел.
Третата кражба што ја извршил првопријавениот, заедно со М.Х. се случила на 06.06. кога двајцата провалиле во сервис на ЕИ-Импулс ДООЕЛ на улицата “Лазар Личеноски“ од каде што украле електричен алат и бакарни цевки.
Набргу по кражбата М.Х бил забележан од припадници на мобилната полициска единица Алфа и е приведен. По ова бил лоциран и приведен и Х.В, а сите украдени предмети се одземени и вратени на оштетените. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

