Македонија
Стајнберг: Македонија да се фокусира на иднината во НАТО и ЕУ

Македонското раководство да се фокусира на наградата, а тоа е солидна иднина во рамки на НАТО и ЕУ, вели Џејмс Стајнберг, американски заменик-државен секретар во интервју за Гласот на Америка.
Македонското раководство да се фокусира на наградата, а тоа е солидна иднина во рамки на НАТО и ЕУ, вели Џејмс Стајнберг, американски заменик-државен секретар во интервју за Гласот на Америка. Стајнберг, коментирајќи го спорот со името, рече дека САД ќе дадат целосна поддршка во носењето, како што вели, храбри одлуки од страна на македонското раководство. „Разбираме дека на премиерот Груевски му претстои донесување на тешки одлуки – секогаш е тешко во ситуации како оваа. Тешко е, кога знаете кој е вашиот прв избор, да се обидете да најдете начин за заедничка основа, но мислам дека е важно македонското раководство да се фокусира на наградата, а тоа е солидна иднина во рамки на НАТО и ЕУ, што е примамливо“, рече Стајнберг во интервјуто за Евроазиската дивизија на Гласот на Америка. Стајнберг го поддржа посредникот на ОН, Метју Нимиц, за кого оценува дека продолжува да игра важна улога. Тој смета и дека грчкиот премиер Јоргос Папандреу испратил позитивен сигнал со својата визија за целосна европска интеграција на Балканот до 2014-та, со што покажал дека навистина ја поддржува иднината на Македонија во ЕУ и НАТО. /крај/voa/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се затвора депонија за отпад во Никуштак, локацијата не ги исполнува еколошките стандарди, одлучи Меџити

Министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска донел одлука за затворање на несoстандардната депонија за отпад во Никуштак, општина Липково, соопштија од неговиот кабинет.
Во одлуката, Меџити посочува дека оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди.
„Одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици.
Наредбата стапува на сила веднаш“.
Македонија
Граѓаните беа навреме известени за евакуација, СДС и Филипче без аргументи создаваат магла и лажни скандали, вели Митева за пожарот во Трубарево

Гледам денес Филипче решил да ме споменува и да прави конфузија во јавноста околу постапувањето и комуникацијата на Владата. Но, токму тоа покажува колку опозицијата е беспомошна, ова се класични обиди да се поткопа институционалната доверба. Тоа за мене е патолошки пристап во политика, кога нема аргументи, тогаш се создава магла околу фактите, пишува во објава на социјалните мрежи Марија Митева, портпаролка на Владата во врска со пожарот во Трубарево.
„Прво, да расчистиме една основна работа. Евакуацијата е процедура што се спроведува според строго утврдени стандарди. Граѓаните беа навреме известени, беа подготвени капацитети за згрижување и секој имаше право и можност самостојно да одлучи дали ќе ја искористи таа можност. Ова е основниот принцип на демократско и одговорно владеење. Затоа е апсурдно да се создава наратив за наводна хаотична или недоволна реакција – тоа е ништо друго освен свесно ширење паника.
Ако зборуваме за одговорност, уште поголем апсурд е фактот дека токму Филипче, човекот кој остана запаметен по најтешките скандали во здравствениот систем од провизиите за вакцини, трагичниот случај со модуларната болница, до низа нерасчистени одговорности денес да зборува за морал и да бара оставки. Тоа е навреда за колективната меморија на граѓаните“.
Според неа, апсолутно е невидена хипокризија партијата која повеќе од седум години имаше апсолутна контрола врз секторот за животна средина, како што вели, денес да поставува прашања за депониите и дали лиценците се исправни, а истата лиценца за која зборуваат е издадена во 2021 година.
„Со кого мислат дека разговараат? Народот не е ниту наивен ниту заборавен.
Одговорот е јасен, немаат суштинска критика, туку се обидуваат преку спинови да го релативизираат сопственото наследство на негрижа и злоупотреби.
Како опозиција се обидуваат да одржат политичката релевантност единствено преку создавање лажни скандали и конфузија. Но, тоа е политички концепт без визија, без аргументи и без перспектива. Ваквиот пристап го дефинирам како деструктивен и опасен, затоа што не им штети на институциите, туку директно на граѓаните. Се обидуваат со дневнополитички инсинуации да го потценат разумот.
Затоа, ваквите изјави никогаш нема да имаат политичка тежина“, додава Митева во објавата.
Македонија
Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата по пожарот во Трубарево.
ИЈЗ додаваат од таму, во текот на вчерашниот ден испратиле обучен експертски тим од институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје.
„Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа.
Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците за
испитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности,
без отстапување.
Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по
која се испитува ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.
Во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема одстапувања во
вредностите по однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено
индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода кои се од друго
потекло“.
По однос на примероците земени од почва за присуство на тешки метали, според соопштеното, резултатите согласно методата на испитување ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.