Македонија
Финишира судскиот процес против мадам Пепи
Финишира судскиот процес против Персида Момировска, позната како мадам Пепи која се товари за продажба на брендирана роба и шверц на 2 килограми кокаин.
Финишира судскиот процес против Персида Момировска, позната како мадам Пепи која се товари за продажба на брендирана роба и шверц на 2 килограми кокаин.
Таа денеска плачеше пред судот и се жалеше на условите во притвор. Со уште четири жени вчера била испратена во самица без образложение зошто. Побара побрзо да заврши судењето. Одбраната тврди дека обвинителството нема ниеден доказ дека Персида ја нарачала пратката со кокаин од Перу.
„Побарав ослбодителна пресуда. Обвинителството нема докази дека Персида ја нарачала пратката од Перу. Персида призна дека шверцувала облека, но за поголем дел од облеката платила ДДВ и царина“ изјави Антонио Апостолски, адвокат на обвинетата.
Пресудата за случајот со мадам Пепи ќе биде соопштена во среда./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ за Сиљановска Давкова: Несоодветен јазик на претседателката на државата за агресијата врз Украина
Демократската унија за интеграција изразува загриженост и незадоволство од последните изјави на претседателката на Република Северна Македонија за време на приемот за дипломатскиот кор, каде, како што велат, непровоцираната и насилна руска агресија врз Украина беше опишана како „војна операција“.
Ваквата реторика, за ДУИ, е неприфатлива и е во спротивност со ставовите на нашата држава како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија.
„Опишувањето на една крвава агресија која предизвика огромни страдања како „војна операција“ ја релативизира криминалната природа на дејствијата и ја негира горката реалност со која се соочува украинскиот народ.
ДУИ уште еднаш го потврдува својот цврст став во поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и најостро го осудува секој обид за користење на јазик кој се вклопува во пропагандата на Кремљ.
Високите претставници на државата мора да ги рефлектираат јасно и одговорно позициите на нашата земја, почитувајќи ги нашите меѓународни обврски и стратешки сојузи.
Ја повикуваме Претседателката да размисли за нејзината одговорност да ги претставува интересите и вредностите на Република Северна Македонија со достоинство и јасност“.
Нашиот граѓани, велат од партијата на Ахмети, јасно се изјаснија дека стојат на страната на мирот, демократијата и меѓународната правда.
Македонија
30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и за уште девет лица
Кривичниот суд Скопје го прифати барањето на Обвинителството и одреди 30-дневен притвор за Раде Трајковски – Штекли и уште девет лица од групата што ја предводел, по нивното апсење во акција на МВР.
Определен е притвор и за двете лица кои се во бегство.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, донесе решенија со кои:
Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување на делото.
Воедно, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет“, објави Кривичниот суд Скопје .
Скопје
Во текот на една недела санкционирани 𝟣𝟥𝟤 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, извести ПОЦ.
ЈП ПОЦ и општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на општина Центар, соопшти ПОЦ.