Македонија
ФЗОМ: Гацов е сменет, не си даде сам оставка

Дејан Гацов е сменет од местото портпарол на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) и не се точни неговите изјави дека самиот си дал оставка на функцијата.
Дејан Гацов е сменет од местото портпарол на Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) и не се точни неговите изјави дека самиот си дал оставка на функцијата.
Вака реагира директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнаџиева-Змејкова, откако утрово досегашниот портпарол на ФЗОМ, Дејан Гацов соопшти дека си дава оставка на функцијата бидејќи не сакал да биде дел од сегашната политика на Фондот.
“Би сакала да Ве информирам дека изјавите во јавноста на екс портпаролот на ФЗОМ Дејан Гацов ги сметам за крајно непрофесионални и невистинити. Гацов е сменет од местото портпарол и во таа насока не се точни неговите изјави во јавноста дека самиот си дал оставка на функцијата. Заминувањето од Фондот е негова лична одлука“ се вели во писмената изјава на Змејкова.
Од вчера на функцијата портпарол на ФЗОМ е поставен Бранко Аџигогов.
„Се работи за професионалец со неколку годишно работно искуство во Фондот кој добро го познава системот на функционирање на ФЗО“ објаснуваат од Фондот.
Од таму го испратија соопштението што по пошта го пратиле до сите редакции дека на местото портпарол е назначен Аџигогов.
Портпаролот на Фондот за здравство, Дејан Гацов денеска соопшти дека си дава оставка. Како што објасни, не сакал да биде дел од сегашната политика на Фондот, која води кон распаѓање на здравствениот систем.
„Не сакам да бидам дел од овој систем кој откако фрли милиони евра по маркетинг кампањи за стимулација на потомството, го стави Фондот во ситуација да не може со месеци да ги исплати породилните боледувања на родилките, а да не зборуваме за другите боледувања. И покрај сета добра волја на поголем дел од вработените во Фондот, треба да биде јасно дека владата е таа која ја прави политиката на Фондот“ изјави Гацов. / крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Граѓаните беа навреме известени за евакуација, СДС и Филипче без аргументи создаваат магла и лажни скандали, вели Митева за пожарот во Трубарево

Гледам денес Филипче решил да ме споменува и да прави конфузија во јавноста околу постапувањето и комуникацијата на Владата. Но, токму тоа покажува колку опозицијата е беспомошна, ова се класични обиди да се поткопа институционалната доверба. Тоа за мене е патолошки пристап во политика, кога нема аргументи, тогаш се создава магла околу фактите, пишува во објава на социјалните мрежи Марија Митева, портпаролка на Владата во врска со пожарот во Трубарево.
„Прво, да расчистиме една основна работа. Евакуацијата е процедура што се спроведува според строго утврдени стандарди. Граѓаните беа навреме известени, беа подготвени капацитети за згрижување и секој имаше право и можност самостојно да одлучи дали ќе ја искористи таа можност. Ова е основниот принцип на демократско и одговорно владеење. Затоа е апсурдно да се создава наратив за наводна хаотична или недоволна реакција – тоа е ништо друго освен свесно ширење паника.
Ако зборуваме за одговорност, уште поголем апсурд е фактот дека токму Филипче, човекот кој остана запаметен по најтешките скандали во здравствениот систем од провизиите за вакцини, трагичниот случај со модуларната болница, до низа нерасчистени одговорности денес да зборува за морал и да бара оставки. Тоа е навреда за колективната меморија на граѓаните“.
Според неа, апсолутно е невидена хипокризија партијата која повеќе од седум години имаше апсолутна контрола врз секторот за животна средина, како што вели, денес да поставува прашања за депониите и дали лиценците се исправни, а истата лиценца за која зборуваат е издадена во 2021 година.
„Со кого мислат дека разговараат? Народот не е ниту наивен ниту заборавен.
Одговорот е јасен, немаат суштинска критика, туку се обидуваат преку спинови да го релативизираат сопственото наследство на негрижа и злоупотреби.
Како опозиција се обидуваат да одржат политичката релевантност единствено преку создавање лажни скандали и конфузија. Но, тоа е политички концепт без визија, без аргументи и без перспектива. Ваквиот пристап го дефинирам како деструктивен и опасен, затоа што не им штети на институциите, туку директно на граѓаните. Се обидуваат со дневнополитички инсинуации да го потценат разумот.
Затоа, ваквите изјави никогаш нема да имаат политичка тежина“, додава Митева во објавата.
Македонија
Нема зголемена радијација во почвата и воздухот по пожарот во Трубарево, соопшти ИЈЗ

Од Институтот за јавно здравје информираат дека се во континуирана координација со Инспекторатот за животна средина, Министерството за здравство и другите надлежни институции од државата по пожарот во Трубарево.
ИЈЗ додаваат од таму, во текот на вчерашниот ден испратиле обучен експертски тим од институтот за вонредна контрола во засегнатото подрачје.
„Земени се примероци (мостри) од вода, почва и воздух за испитување на радиоактивност, како и примероци од вода, водовод, бунари, почва за физичко хемиска анализа.
Во текот на денешниот ден, во ИЈЗ добиени се резултати од воздух и почва, од примероците за
испитување на јонизирачко зрачење (радијација) и истите се во нормални референти вредности,
без отстапување.
Резултатите од мострите од вода за испитување на јонизирачко зрачење, согласно методата по
која се испитува ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.
Во примероците (мостри) од вода по однос на физичко хемиската анализа, нема одстапувања во
вредностите по однос на тешки метали. Во земените примероци од вода постои единствено
индикатор за зголемена содржина на органски материи во подземната вода кои се од друго
потекло“.
По однос на примероците земени од почва за присуство на тешки метали, според соопштеното, резултатите согласно методата на испитување ќе бидат достапни во текот на утрешниот ден.
Македонија
Утре претежно сончево, кон крајот на денот зголемена облачност

До крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.
Утре ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.