Македонија
Цивил Медиа: Говорот на омраза е секојдневие во Македонија

Последните случувања, судските пресуди, директните закани до новинарите, забраните за искажување на сопствен став, само говорат во прилог на тезата дека мракот ги голтнал сите во земјата, сметаат од оваа организација.
Последните случувања, судските пресуди, директните закани до новинарите, забраните за искажување на сопствен став, само говорат во прилог на тезата дека мракот ги голтнал сите во земјата, сметаат од оваа организација. „Сите ние тука сме сведоци дека под кринката на наводната одбрана на таканаречените национални и државни интереси на голем дел од нас ни е забрането да зборуваме. И не само што ни е забрането, туку ни е влеан страв во коски. Не смееме да протестираме, не смееме да напишеме било што, а да не бидеме етикетирани, не смееме да си го заработуваме лебот со нашите занаети. Не е национален интерес да се молчи,“ смета Ѕвездан Георгиевски, Директор на Цивил Медиа – Центар за медиуми и слобода на говорот, кој вели дека новинарите како никогаш досега се портпароли на одредени центри на моќ. „Речиси три децении сум професионален новинар и можам со целото мое искуство да потврдам дека во полошо време за мојата професија не сум живеел,“ вели Георгиевски. Роберто Беличанец пак, смета дека законите или легислативите не се решение за говорот на омраза, туку само работата во праксата ќе даде резултати. „Говорот на омраза треба да стане не само законски неприфатлив, туку и морално неприфаќан и осудуван,“ смета Беличанец. Од Цивил Медиа сметаат дека бескрупулозните начини на вербална пресметка со неистомислениците, во служба на еднократни политички цели, преку јазикот на омразата доведува до дерогирање на слободата на говорот и политичката култура во земјата. „Крајно време е да се пружи поголем отпор. Цивил Медиа ја замислувам на начин кој нема да објаснува и нема да толкува што ни се случува и нема да предупредува за што станува збор, туку ќе биде организација која мора да ги менува работите,“ најави на денешната прес конференција за новинарите, Ѕвездан Георгиевски./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре претежно сончево, кон крајот на денот зголемена облачност

До крајот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта ќе преовладува ведро и тивко време.
Утре ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 33 степенiи.
Во наредните денови следува период на претежно сончево време, освен во среда кога ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди. Во среда и четврток ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Македонија
Кирков до Арсовска: Знаете ли дека ви изгореа „Дрисла“, „Вардариште“, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате

Советнинкот во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, со објава на социјалните мрежи ја праша градоначалничката Данела Арсовска дали знае, дека изгореа Дрисла и Вардариште а како што вели Скопје е затрупано со смет кој никој не го собира.
„Добар ден градоначалничке?
Како сте?
Знаете ли дека Дрисла ви изгоре, Вардариште исто така, а Скопје е затрупано со смет кој не го собирате. Орце се утепа од работа да го гаси вашиот пожар.
А со ЈСП до каде сте?
Нели Скопје ќе го правевте модерен град“.
За Зоолошка, вели Кирков да не правиме муабет.
„Таму животните умираат од болести од 19 век. Ова се лошите вести, добрите се што Скопје ќе ве преживее.
Си одите уште месец дена“, пишува тој во објавата.
Македонија
Утревечер собир на плоштадот „Македонија“ во Скопје: со ѕвездено небо и молк да обележиме шест месеци од масакрот во Кочани

Утре во 20:16 часот, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе се одржи собир на кој ќе се обележат шест месеци од пожарот во дискотеката во Кочани со 62 жртви и над 200 повредени.
Иницијативата „Кој е следен?“ и студентски активисти повикуваат на достоинствено сеќавање, со ѕвездено небо и молк, како симбол на солидарност и граѓанска одговорност.
„Ова не беше несреќа. Не беше трагедија. Беше масакр. Свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел. Не смееме да отрпнеме. Болката мора да ја почувствуваме сите заедно . таа болка треба да не разбесни и да не поттикне на акција. Вистинската борба за живот или смрт е токму борбата за Кочани“, велат организаторите.
Обвинението, поднесено во јуни, сè уште не е оценето од надлежниот суд, поради обемноста на предметот и бројните приговори од страна на обвинетите. Вкупно 34 физички и три правни лица се соочуваат со обвиненија.
Семејствата на загинатите преку „Марш на ангелите“ во Кочани секоја сабота веќе шест месеци бараат одговорност и правда за нивните деца, а протести се организира и во други градови.