Македонија
ЕВН: Усогласување на фактурирањето на заеднички потрошената струја
ЕВН Македонија почна со усогласување на фактурирањето на заедничката потрошувачка на електрична енергија со новиот Закон за домување.
ЕВН Македонија почна со усогласување на фактурирањето на заедничката потрошувачка на електрична енергија со новиот Закон за домување. Со новите фактури за потрошена електрична енергија не се врши поделба на заедничката потрошувачка по одделни станови, како што досега се практикуваше кај дел од станбените објекти. Во иднина фактурите за потрошена електрична енергија на броилата за заедничка потрошувачка ќе бидат адресирани до куќните совети, односно согласно законот за домување, до ново формираните правни лица. Според законот, станбените објекти се задолжени да формираат правно лице односно заедница на сопственици преку која ќе одат сите менаџирања во зградата, како и плаќањето на сите заеднички трошоци во објектот. Оттука, и заедничката потрошувачка за електрична енергија ќе се регулира преку правното лице или Управителот на зградата. ЕВН Македонија апелира до куќните совети, по формирањето на новиот правен субјект во зградата, да склучат договор со ЕВН за регулирање на наплатата на потрошената електрична енергија за броилата од заедничката потрошувачка./крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

