Македонија
Транспарентност:Известувањето на ДКСК за Каргов не е аргументирано
Транспарентност нулта корупција, соопшти дека постапиле по претставката на Ванчо Каргов, во која што тој бара да му биде презентиран ставот на организацијата во врска со наводите во Известување добиено од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК).
Транспарентност нулта корупција, соопшти дека постапиле по претставката на Ванчо Каргов, во која што тој бара да му биде презентиран ставот на организацијата во врска со наводите во Известување добиено од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Каргов, според Транспарентност за наводите дознал од медиумите и според негово видување не се соодветни за ситуацијата во која се затекнал.Што се однесува до Известувањето на ДКСК доставено до Каргов, од Транспарентност соопштуваат дека истото не содржи доволно податоци, што ја оправдуваат и прават разбирлива примената на во него посочените одредби од Законот за спречување на корупцијата (ЗСК) и Закон за спречување на судир на интереси (ЗССИ) за конкретниот случај, односно истото не е соодветно образложено и релевантно аргументираноИзвестувањето остава впечаток на недоработеност, соопштуваат од Транспарентност, поради тоа што не е утврдено што тоа точно Комисијата работи и зошто тоа е неспоиво со функцијата која ја обавува Каргов, односно каде се лоцира судирот на интереси.Неспоивост на функцијата не е нешто што се претпоставува туку мора да се доведе барем до степен на оправдан сомнеж, велат од Транспарентност, и според нив во документот од ДКСК изостанува како таков. Ова ја прави примената на споменатата одредба недозволена и со тоа го исклучува оправданото вклучување на јавноста според одредбите на ЗСК.Со тоа што информацијата за постапувањето во врска со предметот од кој произлегло Известувањето била објавена на веб станицата на ДКСК сторена е повреда на ЗССИ. Според релевантните одредби, потврдуваат од Транспарентност јавноста е исклучена се додека Комисијата не изрече некоја од мерките предвидени во ЗСИИ, односно додека не заврши постапувањето по предметот.Истото во случајот не било почитувано, соопштуваат од Транспарентност./крај/сооп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата
Македонија
Следува период на стабилно време, дневната температура ќе биде во пораст
Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно време, освен во вторник кога кон крајот на денот претежно во североисточните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Утрата ќе бидат постудени, а дневната температура ќе биде во пораст.

