Македонија
Шапкар молчеше на првото рочиште за глисерската несреќа
На првото судско рочиште за глисерската несреќа, кое се одржа денес, обвинетиот Христијан Шапкар (31), одлучи да се брани со молчење, пренесува Охридњус.
На првото судско рочиште за глисерската несреќа, кое се одржа денес, обвинетиот Христијан Шапкар (31), одлучи да се брани со молчење, пренесува Охридњус.
Оваа несреќа, што се случи минатото лето во Охридското Езеро, беше кобна за скопјанката Ирина Романова – Муцунска (39), која загина на лице место.
„Обвинението го добив и прочитав, но не ми е јасно во целост. Ќе го искористам правото да се бранам со молчење. Нема да одговарам на прашањата, но доколку во текот на постапката се појави потреба ќе зборувам во својата одбрана“ рече Христијан Шапкар на прашањето на судијата Милчо Клишески, дали му е јасно обвинението за кое се товари.
Во почетокот на судскиот распит, сопругот на загинатата, Златко Муцунски рече дека нема што да додаде на Исказот кој го дал пред Истражниот судија и дека целосно стои зад сите изнесени детали и сведоштва за глисерската несреќа која што се случи на 22 август 2009 година.
„Навистина ми е многу жал што во текот на изминатите 10 месеци немаше ниту еден обид од страна на обвинетиот да испрати телеграма или да се обиде да стапи во контакт со мене и моето семејство, или барем да праша како се моите деца. Треба да напоменам дека едното од нив беше присутно на местото на несреќата. Во мое име и во името на моите две малолетни деца барам надоместок за претрпена нематеријална штета чиј износ дополнително ќе биде утврден“ рече Муцунски.
Тој многу јасно и прецизно одговори на сите прашања кои му беа поставени во текот на распитот и изнесе неколку детали за несреќата и објасни зошто неговата сопруга се возела сама во глисерот.
„Кога тргнавме од Радожда скутерот беше врзан за Глисерот, но во близина на манастирот Св. Јован Канео застанавме и јас и синот се префрливме на скутерот, а сопругата остана во глисерот и се раздвоивме. Тоа го направивме со цел да стигнеме пред неа во Каналот Студенчишта и да и помогнеме да се паркира. Бидејќи скутерот има два ретровизори гледав како мојата сопруга вози зад мене, ги гледав запалените светла на глисерот. Меѓутоа, на самиот влез од каналот кога погледнав во ретровизорот повеќе не можев да ги забележам светлата и се вратив назад да проверам што се случило“ сведочеше Муцунски.
Тој објасни дека нивниот глисер марка Регал бил целосно исправен и ги поседувал сите уреди за осветлување, така што можел да плови и ноќе.
„Пред да тргнеме од Радожда истиот ден кога се случи несреќата монтирав и едно дополнително бело светло на копје кое е задолжително за ноќна пловидба. Но, и да не го монтирав тоа светло глисерот ќе беше доволно осветлен затоа што поседуваше и црвени и зелени трепкачи“ рече Муцунски.
Второто рочиште против Христијан Шапкар, кој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, ќе се одржи на 7 септември 2010 година.
На рочиштето треба да сведочат и четворицата пријавени сведоци Ивана Шапкар, сопруга на Христијан, Ангела Белеска и Алан Кау, кои се возеле на глисерот со Шапкар и охриѓанецот Тодор Ролев. крај/охридњус/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

