Македонија
Иванов: Оптимизмот на странците се темели на добрата атмосфера меѓу Македонија и Грција
Оптимизмот на странските претставници во врска со спорот со името се темели на добрата атмосфера што постои меѓу премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу по нивните чести средби, рече претседателот Ѓорге Иванов на средба со македонските новинари во Призрен.
Оптимизмот на странските претставници во врска со спорот со името се темели на добрата атмосфера што постои меѓу премиерите Никола Груевски и Јоргос Папандреу по нивните чести средби, рече претседателот Ѓорге Иванов на средба со македонските новинари во Призрен.
Честите средби меѓу премиерите Груевски и Папандреу е причина за оптимизам и кај претседателот Иванов. Тој вели дека државниот врв е усогласен во врска со прашањето со името и потсети дека опозицијата не ги прифаќа средбите со амбасадорот Зоран Јолевски за да ги информира за текот на разговорите.
Според Иванов, враќањето на довербата е клучот за подобро разбирање меѓу лидерите од двете земји. Подоброто разбирање, пак, според него, е клучот за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.
Претседателот Иванов појасни дека медијаторот Метју Нимиц врз база на сигналите што ќе ги добие по средбите на премиерите Груевски и Папандреу ќе излезе со предлог, кога и ќе се гради поширок консензус во врска со прашањето за името.
Ова е прва посета на македонски претседател на Косово по признавањето на независноста од страна на Македонија и воспоставувањето на дипломатски односи меѓу двете земји.
Иванов, кој вчера учествуваше на регионална лидерска средба со претседателите на Косово, Албанија и Црна Гора во близината на Призрен, денеска се сретна со претставници на горанската-македонска заедница од Косово. Тој ги охрабрил да се вклучат во политичкиот живот во Косово како начин да ги остваруваат своите барања. Претседателот Иванов на Горанците-Македонци им го пренел и барањето што го дал на средбата со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу за нивно вклучување со посебна графа во пописот на населението во 2011-та година. Кај Сејдиу постоела волја за вклучување на оваа популација преку посебна графа.
Претседателот Ѓорге Иванов вчера учествуваше на втората регионална лидерска средба со косовскиот, албанскиот и црногорскиот претседател, Фатмир Сејдиу, Бамир Топи и Филип Вујановиќ во Превале, во близина на Призрен. Следната средба е најавено да се одржи догодина во Македонија. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кренар Лога се повлече од Алијансата за Албанците и од сите партиски функции
Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, објави дека се повлекува од партискиот живот и од сите функции што ги извршувал во Алијансата за Албанците.
Лога истакна дека ова не била лесна одлука, бидејќи во партијата вложил енергија, срце и душа. Тој се заблагодари на соработниците, членовите и активистите, наведувајќи дека во изминатите десет години запознал посветени луѓе и искрени пријатели.
Во објавата, Лога се извини на сите што можеби се почувствувале повредени од негов збор или однесување, нагласувајќи дека секогаш ги кажувал своите ставови без да ја пресметува цената.
Тој потсети дека бил генерален секретар, а потоа и потпретседател на Алијансата за Албанците, и им се заблагодари и на гласачите на Европскиот фронт и Националната алијанса за интеграција.
Лога зборуваше и за своето семејно и политичко потекло, опишувајќи ја средината во која израснал, обележана со притисоци и прогони во поранешниот југословенски систем.
Во пораката наведе дека Северна Македонија заслужува да биде слободна и еднаква држава за сите нејзини граѓани и повика на заедничка одговорност во градењето на земјата.
На крајот, Лога порача дека ќе остане меѓу граѓаните, но отсега на послободен и независен пат, како што рече, како солист што можеби ќе има тешкотии да игра сам, но ќе го направи тоа со слободен дух и со љубов кон луѓето.
Македонија
„Супорт Кочани“ ја реализира четвртата пратка компресивна облека, вредна 452.537 денари, за засегнатите од пожарот
Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со поддршката за засегнатите лица од пожарот во Кочани и ја финализираше четвртата испорака на специјализирана компресивна облека. Новата пратка, која веќе е доставена до Општата болница во Кочани, претставува значаен чекор во обезбедувањето континуирана терапија и квалитетна рехабилитација.
Овој циклус на донации опфаќа 44 парчиња компресивна облека, изработени по индивидуални мерки за 14 пациенти, со вкупна вредност од 452.537 денари. Средствата се обезбедени исклучиво преку донации од граѓани, компании и поддржувачи од земјата и странство, што уште еднаш ја потврдува силната солидарност кон повредените.
„Поддршката што ја добиваме од заедницата ни овозможува континуирано да им помагаме на засегнатите и да обезбедиме навремена медицинска опрема. Особено им благодариме на компаниите Julius Zorn GmbH и Health 2000 за нивната соработка и професионална услуга,“ истакнуваат од Support Kocani.
Иницијативата и понатаму останува посветена на транспарентност и грижа за сите погодени од трагедијата, со цел да им се обезбеди постојана поддршка во процесот на заздравување.
Македонија
Свечено менување на државното знаме: децата прашуваа за работата на првата жена-претседателка
Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме на којашто присуствуваа деца од градинките „Весели цветови“ и „Срничка“ од Скопје, ученици од скопските основни училишта „Кузман Шапкарев“ и „Кузман Јосифовски Питу“ и деца и претставници на Здружението за образование и истражување „Несил“.
По завршувањето на свечениот чин, околу 230 деца во придружба на двасетина наставници и претставници, ги разгледаа просториите на Кабинетот. Младите посетители покажаа интерес за работата на претседателката. Ја прашаа: Какво е чувството да се биде првата жена – претседателка на државава? Дали е потешко да се биде претседателка или професорка? Како тече еден нејзин работен ден? Љубопитните гости пројавија желба да ги дознаат нејзините лични афинитети, како и интересните спомени од младоста.



Сиљановска-Давкова им предочи дека вршењето на политичката функција бара знаење, посветеност и култура на дијалог. Ги советуваше да учат, да размислуваат критички и да другаруваат.
Децата ѝ подарија цвеќе, албум на цртежи и благодарница на турски јазик.
Церемонијата на свечено менување на знамето се одржува секој втор петок во месецот, со учество на Баталјонот за почести при македонската армија и ја симболизира почитта кон знамето и државата.

