Македонија
Потребен е нов кривичен законик
По големиот број измени на кривичниот законик, потребно е да се донесе нов. Ова е заклучокот од јавната расправа за новелираниот кривичен законик во организација на правниот факултет.
По големиот број измени на кривичниот законик, потребно е да се донесе нов. Ова е заклучокот од јавната расправа за новелираниот кривичен законик во организација на правниот факултет.
Пред околу три месеци имаше измени и дополнување на кривичниот законик, но сепак и со ова остануваат нерешени проблеми.
„И овие измени и дополнувања на кривичниот законик покажа дека сепак не сме стигнале до оние оптимални решенија кои што се потребни за ефикасно сузбивање како на организираниот криминал, така и на другите форми на тенденционалниот криминалитет. Идејата е дека треба уште еднаш и целосно да се препрочита целиот закон, затоа што со сите овие измени и дополнувања што се направени оставени се многу празнини кои негативно може да влијаат врз ефикасното сузбивање на криминалитетите. Носењето на инстант решенија и решенија кои се поврзани со конкретни настани никогаш не донесуваат ефикаснa борба со криминалитетот “ смета Никола Тупанчевски, професор по кривично право на правниот факултет.
И покрај измените, експертите сметаат дека се уште ќе постои проблем со кривичната одговорност на правните лица, како и со проширената конфискација.
„И понатаму ќе имаме проблеми со кривичната одговорност на правните лица, а одговорот е многу едноставен затоа што кривичната одговорност на правните лица не е дел од македонската правна традиција. Треба најнапред да се направи истражување, сето тоа да се анализира и на крајот да се донесат конкретни решенија кои можат во вистинска смисла на зборот да бидат ефикасни во борбата против криминалитетот“ вели Тупанчевски.
И јавното обвинителство во секојдневието се соочува со проблеми при примена на измените на кривичниот законик. Такви кривични дела кои практично се неприменливи за обвинителството се кривичните дела, тешка кражба, неовластено производство и пуштање во промер на психотропни супстанции како и царинската измама.
„Со измените на кривичниот законик кај тешката кражба во ставот 6 се додава нов став, кој што бара кумулација на два главни услови за да постои тешка кражба. Кумулацијата на тие два главни услови всушност оневозможува ние да покренеме обвинение за тешка кражба, кога вредноста на кражбата е помала, што досега не беше случај“ вели Шврговски.
Последните измени на кривичниот законик стапија на сила на 22 март, оваа година. Измени на законикот имаше и во 2004 година. Но сепак се уште постојат недоречености кои се контрадикторни. Таков е случајот за вршење полов напад на дете, за кој се предвидува казна затвор од осум години. Но и оние кои поседуваат детска порнографија ќе добијат затворска казна од осум години. Поради ваквите недоречености се бара повторно чешлање на кривичниот законик./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

