Македонија
МИМ анализа : На МРТВ му недостасуваат професионалци и независност
Најголемиот проблем го лоцираме не само во моделот на управување на МРТВ, туку и во недостаток на знаење и визија на раководството.
Најголемиот проблем го лоцираме не само во моделот на управување на МРТВ, туку и во недостаток на знаење и визија на раководството.
Ова е еден од главните проблеми со кои се соочува јавниот сервис и кои се предочени во анализата на јавната радиодифузија во Македонија во контекст на европската медиумска политика, изработена од страна на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) во соработка со експерти и Фондацијата „ Friedrich Ebert Stiftung“.
Во Анализата понатаму се вели дека јавниот сервис мора да биде независен и не смее да и служи на власта.
Друг сериозен проблем со кој се соочува државната телевизија е , како што вели Љубомир Јакимовски, независен експерт и поранешен директор на истата, е влегувањето во процесот на дигитализација со опрема која е стара повеќе од дваесет години.
Експертите во анализата велат дека моделот на финансирање на МРТВ соодветствува на моделот препорачан во европските документи но тоа што никогаш не профункционирал, јавниот сервис го направи крајно зависен од државниот буџет.
Во оваа анализа која е прва во циклусот анализи предвидени за 2010 година и е целосно посветена на јавниот радиодифузен сервис во државава, содржи препораки за надминување на проблемите.
Копија од анализата е доставена до раководството на МРТВ а авторите на анализата се надеваат дека дадените препораки ќе помогнат телевизијата да се трансформира во вистински јавен сервис./крај/ми
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

