Македонија
Скандалот за диригентот Плетнев го предизвикал “жолтиот печат“
Диригентот Михаил Василевич Плетнев, заедно со членовите на Рускиот национален оркестар се очекува да пристигне во петок и да го отвори фестивалот Охридско лето”, велат од Министерството за култура.
Диригентот Михаил Василевич Плетнев, заедно со членовите на Рускиот национален оркестар се очекува да пристигне во петок и да го отвори фестивалот Охридско лето”, велат од Министерството за култура.
„Неговото доаѓање во Охрид не е откажано. Контактиравме со надлежните во Рускиот национален оркестар, но и со Руската амбасада во Тајланд. Од таму ни е кажано дека станува збор за недоразбирање, предизвикано од страна на жолтиот печат и дека не се точни информациите дека Плетнев е уапсен поради обвинение за злоставување на малолетник” вeлaт од министерството.
Според нашите информации, велат од Министерството за култура и дирекцијата на фестивалот Охридско лето, диригентот бил повикан само на информативен разговор во тајландската полиција.
Од таму, не дадоа конкретно објаснување- што ќе се случи доколку познатиот диригент, во петок, не пристигне во Охрид.
Истовремено, светските познати медиуми како што се BBC, Roiters и CNN утринава ја објавија информацијата дека основачот на Рускиот национален оркестар, славниот пијанист и добитник на престижната награда Еми, Михаил Василевич Плетнев, е уапсен во Тајланд под обвинение дека силувал 14-годишно момче.
Како што наведуваат овие медиуми, рускиот композитор е уапсен по дојава на Тајланѓанец, а како дополнителен доказ, полицијата пронашла и фотографии од Плетнев и други момчиња во компромитирачки пози. Момчето се согласило да сведочи против композиторот, на кој му се заканува казна затвор од 20 години.
Како што е познато, јубилејното 50- то издание на Фестивалот Охридско лето е предвидено да започне со концертот на Рускиот национален оркестар, а под диригентска палка на Михаил Плетнев од Русија. Солист ќе биде познатиот македонски пијанист Симон Трпчески./крај/охридњус
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

