Македонија
Скопјани украле податоци од 100 картички

Истражен судија им одреди 15 дена притвор на двајца скопјани за криминал со платежни картички, соопшти МВР.
Истражен судија им одреди 15 дена притвор на двајца скопјани за криминал со платежни картички, соопшти МВР.
Пред четири дена скопјаните на банкомат на домашна банка во Скопје монтирале опрема за прибавување на банкарски податоци за изработување на лажни платежни картички и уред за снимање на видо записи од ПИН кодовите.
Во два наврати го монтирале уредот на банкомат во Скопје и околу 17:30 часот истиот ден при обид да го отстранат биле приведени.
При претреси во нивните домови и возилата кои ги користеле е пронајден уредот за прибавување на банкарски податоци и уредот за снимање на пиновите од платежните картички.
Во домот на еден од приведените пронајдена е фалсификувана платежна картичка. За околу четири часа додека уредот бил монтиран на банкоматот, на него се снимени околу 100 записи од внесени пин кодови.
Во првата половина од годинава регистрирани се 26 кривични дела од областа на компјутерскиот криминал./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.