Македонија
Првото нуркање во Врело ќе биде денеска
Нуркачот Луиѓи Касати првото длабинско нуркање во пештерата Врело ќе го направи денеска и се очекува да отиде во левиот ходник од пештерата.
Нуркачот Луиѓи Касати првото длабинско нуркање во пештерата Врело ќе го направи денеска и се очекува да отиде во левиот ходник од пештерата.Од спелеолошкото друштво Врело информираат дека Меѓународната експедиција изминативе денови ги завршила сите подготовки на теренот со поставување на безбедносни јажиња и резервни боци во хоризонталниот дел од пештерата во должина од 300 метри.„Касати со првото нурнување ќе отиде во левиот ходник од пештерата. Врело по хоризонталниот дел почнува да понира во длабочина и некаде на длабочина од 130 метри се дели на два крака. Минатата година познатиот италијански спелеонуркач нуркаше во десниот крак каде дојде до длабочина од 190 метри и наиде на голема камена површина. Тој успеа да помине покрај неа и со осветлување на ходникот виде дека продолжува понатаму. Повторното нурнување беше оневозможено од лошите временски услови и левиот крак остана неистражен. Тој ќе нурне во неиспитаниот крак на пештерата и потоа ќе одлучи во кој крак од пештерата ќе продолжи да нурка“ – велат од спелеонуркачкиот клуб Врело.Од таму велат дека оваа година поради врнежите, видливоста во пештерата е помала од лани, но сепак нуркачот кој оди на најголеми длабочини Касати, очекува да отиде уште подлабоко во пештерата од лани кога дојде до длабочина од 190 метри.Меѓународната експедиција оваа година ќе го заврши и снимањето на филмот за Матка и Врело. „Касати во своите длабински зарони на себе ќе има и камера, така што по завршувањето на филмот ќе може да се види Врело во неговите длабочини“ – додаваат од клубот. Истражувањето на Врело ќе трае до 25 јули. Во меѓународната експедиција учествуваат нуркачи од Македонија, Италија, Белгија и Грција.крај/к.с.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонија
Бугарија го ратификуваше договорот за тунелот на Коридор 8 – отворање на нова железничка врска Скопје-Софија
Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.
„Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8.
Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание.
Со ова се исполнети сите услови за доиадбзгра на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.
Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.
Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани.
Продолжуваме да работиме“, напиша Николоски.

