Македонија
МНР: Одлуката на Хаг – добра основа за регионална соработка

Македонското министерство за надворешни работи смета дека вчерашното советодавно мислење на Меѓународниот суд во правдата (МСП) во врска со едностраното прогласување на независноста на Косово претставува добра основа за добрососедски односи и регионална соработка.
Македонското министерство за надворешни работи смета дека вчерашното советодавно мислење на Меѓународниот суд во правдата (МСП) во врска со едностраното прогласување на независноста на Косово претставува добра основа за добрососедски односи и регионална соработка. Од МНР оценуваат дека мислењето на судот во Хаг е значајна одлука, со специфична меѓународна правна тежина. „Министерството за надворешни работи цени дека одлуката на Меѓународниот суд на правдата го потврдува меѓународно правниот кредибилитет на политиката на Република Македонија во однос на признавањето на независноста на Косово“, се вели во објавениот став на МНР. Од македонското МНР изразуваат уверување дека мислењето на МСП претставува добра основа и силен поттик за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, како и за отворање ново поглавје во градењето меѓусебна доверба меѓу државите во регионот. МСП во четврток соопшти советодавно мислење, според кое, едностраното прогласување на независноста на Косово не го нарушува меѓународното право. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.