Македонија
Нема лекарска грешка при породувањето на велешката родилка

Пациентката што почина во четврток во велешката болница при породување, била во добра општа здравствена состојба, како и нејзиниот плод, а лекарите постапувале согласно процедурата за породување.
Пациентката што почина во четврток во велешката болница при породување, била во добра општа здравствена состојба, како и нејзиниот плод, а лекарите постапувале согласно процедурата за породување.
Ова, како што соопшти денеска Министерството за здравство, стои во прелиминарниот извештај на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Компликациите настапиле во еден часот по полноќ, кога докторот констатирал дека пациентката ненадејно добила “екламптичен напад” со грчеви.
Заради сериозноста на ситуацијата бил организиран транспорт со болничка кола до ГАК Скопје, но пред транспортот пациентката добила втор епилептичен напад и починала. Обидите на лекарите за реанимација останале безуспешни.
Инспекторатот констатираше дека евиденцијата на пациентката била уредно водена од здравствениот персонал на одделението.
Министерството за здравство формираше и комисија за стручен надзор, која врши детална контрола дали во третманот на пациентката е постапено според медицинските протоколи.
Ноќта меѓу среда и четврток во велешката болница почина 45 годишната родилка Лиле Мајсторова, за која ова беше трето породување. Бебето е во болница во Скопје и е приклучено на апарати. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Собранието не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик

Собранието денеска во рамки на 66. седница не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори.
Предлог измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, но со оглед дека санува збор за решение кое се однесува на локалните избори, потребно беше да се гласа и по Бадентер. За предложените измени и дополнувања 18 од пратениците од помалите етнички заедници беа против, а 11 гласаа „за“.
Во текот на седницата прв за збор се јави Скендер Реџепи од движењето „Попули“, коалиција Европски фронт, кој оцени дека одлуката за поднесените измени е антиевропска и спротивна на Уставот и постоечките закони, додека Владата која е предлагач е моноетничка.
-Пред нас е Предлог-закон кој е во интерес на власта, а не и во интерес на граѓаните.
Претпладнево измените беа ставени на дневен ред на собраниската седница за да бидат донесени по скратена постапка. Потоа за нив расправаа матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ги проследи на натамошна постапка во Собранието, усвојувајќи го амандманот од Левица – кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи, да биде потребно да се соберат најмалку 0,5 проценти потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ), наместо првично предложеното решение кое предвидуваше собирање потписи 0,95 проценти од запишаните избирачи.
Македонија
Во првото полугодие од годинава бројот на туристи во Македонија е зголемен, вели Мицкоски

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5 отсто споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7 отсто во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5 отсто споредено со истиот период 2024 година, објави македонскиот премиер Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Тој пишува дека во истиот период од 2025 година има за 8,5 отсто повеќе реализирани ноќевања споредено со првата половина од 2024 година.
-Нашата Македонија е преубава, ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20 отсто годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, македонските езера и планини, да уживаат во прекрасната македонска традиционална кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија, пишува премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Македонија
Утре попладне дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во понеделник се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Како што информират од Управата за хидометеоролошки работи, во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Во Скопје, во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Од УХМР апелираат во случај на појава на електрични празнења гражаните да бидат повнимателни, да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.