Македонија
Рамадани: ИВЗ да одговори за финансиските малверзации
Распуштениот оџа Рамадан Рамaдани на обвинувањата на ИВЗ одговори со контраобвинувања. Решен е да го симне од функцијата претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.
Распуштениот оџа Рамадан Рамaдани на обвинувањата на ИВЗ одговори со контраобвинувања. Решен е да го симне од функцијата претседателот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.
„Јас и во Иса бег џамијата и во другите скопски џамии предавам како што предавале моите претходници – оџи тука во Скопје, нема такво делење и сите овие обвиненија се стари и јас веќе неколку пати одговорив. Тие треба да одговорат на многу обвиненија кои се подигнати против нив во јавноста. За аџилакот, за омаловажување на оџите кои ги пријавиле во завод за невработени и ред други работи за кои досега требаше да одговорат како достоинствена верска заедница“ изјави Рамадани.
Тој вели дека ИВЗ работи нелегитимно и ги обвини оџите за малверзации во нивното финансирање, односно за денационализацијата.
„Имено кога државата заради општествени интереси не може да отстапи едно место дава бонови, вредносни акции за денационализација и после на берза може да се претворат во пари. Во ИВЗ нема отчет за тие пари кои се големи суми“ тврди Рамдани.
Тој продолжува со иницијативата за собирање на потписи за менување на Реџепи. Пункт пред Иса бег Џамијата денеска немаше. Рамадани тврди дека повлекле два пункта поради празниците. Тврди дека има голем одзив и дека од денеска ќе продолжат со собирање на потписи на сите пунктови.
Утрово ИВЗ повторно го обвини Рамадани за ширење на вехабизам и го повика да се повлече.
Жестоките превирања на релација ИВЗ и приврзаниците на Рамадан Рамадани пред неколку недели прераснаа во инцидент. Наместо петочна молитва, скопскиот муфтија беше избркан со клоци и тупаници. Приврзаниците на Рамадани го претепаа скопскиот муфтија и поранешниот пратеник Ештреф Алиу.
Реџепи може да биде сменет само доколку повеќе од половина од 13-те муфтии во Риасетот на ИВЗ гласаат против него, без разлика колку потпишале за негова смена./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

