Македонија
Околу 850 луѓе ја подготвуваат Македонија за преговори
Владата ангажирала 850 лица кои се вработени во различни институции на јавниот сектор кои имаат задача да вршат подготовки за претстојните преговори.
Владата ангажирала 850 лица кои се вработени во различни институции на јавниот сектор кои имаат задача да вршат подготовки за претстојните преговори.
„Вршиме одредени подготовки за оној момент кога ќе се надмине спорот со Грција да бидеме подготвени за брз почеток на преговорите. Да не почнуваме тогаш од нула, тогаш да формираме тимови, тогаш да ги обучуваме, тогаш да почнува да се разговара со други држави ,туку тоа да го прават сега и оној момент кога ќе дојде до добивање на датум за почеток на преговори да имаме целосно подготвени тимови, само да се каже кој ќе биде шефот на преговарачкиот тим, односно главниот преговарач и да се тргне во преговори“ изјави Груевски.
Ангажираните лица ги следат преговорите на Хрватска со ЕУ, се консултираат со Словенија, а Владата планира доколку е потребно и да ангажира странски консултанти./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

