Македонија
Албанците ќе го прославуваат ослободувањето на Скопје

Албанците денеска првпат ќе прослават 98 години од ослободувањето на Скопје во кое учествувале албанските сили, предводени од Хасан Приштина и Бајрам Цури.
Албанците денеска првпат ќе прослават 98 години од ослободувањето на Скопје во кое учествувале албанските сили, предводени од Хасан Приштина и Бајрам Цури.
Прославата е во организација на Националната демократска унија на Хисни Шаќири и невладината организација „Реалитети“.
Прославата, според организаторите, има за цел обединување на сите заедници, односно обединување на Албанците и Македонците.
„Се работи за еден период кој е во интерес на сите, се работи за период кога сите сме биле под турско ропство. Целта на прославата е да се потсетиме на тој датум кој е значаен за Албанците“ изјави за Макфакс, претседателот на НДУ, Хисни Шаќири.
Поддршка добиле од сите политички партии од албанскиот блок, ДУИ, ДПА и Нова демократија. Упатиле јавен апел и очекуваат присуство и на претставници од политичките партии од македонскиот блок.
На плоштадот „Скендербег“ се очекува да се одржи митинг и свечена академија во албанскиот театар./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.