Македонија
Тодоров: Чувствувам одговорност за учебникот „Општество“
За направената грешка во учебникот за петто одделение „Општество“ чувствувам одговорност, но правам разлика меѓу тоа да се биде одговорен и да се биде виновен, рече Никола Тодоров, министер за образование и наука.
За направената грешка во учебникот за петто одделение „Општество“ чувствувам одговорност, но правам разлика меѓу тоа да се биде одговорен и да се биде виновен, рече Никола Тодоров, министер за образование и наука.
Оваа изјава следува по бурните реакции во јавноста откако излезе учебникот во кој на 42. страница како значајни културни дејци од македонската култура се споменати Нора Шаќири, Ферус Мустафов, Тони Михајловски и други.
„Јас сум одговорен да се грижам за се она што се случува во министерството затоа и ги повикав авторите, рецензентите и националната комисија за учебници за да се лоцира вината, формиравме и нов рецензентски тим кој ќе направи супер рецензија на учебникот кој моментално е повлечен и не се дистрибуира“, изјави Тодоров.
Тој рече дека во понеделник ќе заврши рецензијата со новиот рецензентскиот тим кој ќе одлучи дали е само оваа грешка направена или има и некој друга, доколку станува збор само за оваа грешка или уште некоја ќе бидат корегирани, но ако станува збор за повеќе грешки истиот ќе биде повлечен и ќе мора да биде препечатен.
Тодоров се надева дека оваа година нема да имам проблем за бесплатните учебници и дека сите ќе бидат навремено изработени и доставени до училиштата бидејќи комплетите биле дадени за печатење. /крај/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на култната фонтана „Лотос“ во Градскиот парк
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, објави видео во кое вели дека култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај.
„Започната е целосна реконструкција на фонтаната која се наоѓа на влезот од Градскиот парк – место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено.
Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа. Се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот ќе добие нов, модерен и достоинствен изглед, соодветен на значењето што го има за градот и граѓаните.
Ова култно катче, еден од најпрепознатливите симболи на Скопје, повторно ќе стане место за средби, прошетки и споделени моменти. Простор каде што генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во уреден и квалитетен јавен простор, онака како што Скопје заслужува.
Градот го обновуваме чекор по чекор, со јасна визија и конкретни дела. Скопје го правиме заедно. По скопски!“, изјави Ѓорѓиевски.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

