Македонија
Македонија освои бронза на Интернационалната Олимпијада по Информатика
Битолскиот средношколец Предраг Груевски го освои бронзениот медал на Интернационалната Олимпијада по Информатика (ИОИ), што од 14ти до 21ви август се одржува со канадскиот Универзитет Ватерлу.
Битолскиот средношколец Предраг Груевски го освои бронзениот медал на Интернационалната Олимпијада по Информатика (ИОИ), што од 14ти до 21ви август се одржува со канадскиот Универзитет Ватерлу.
Во соопштението што лидерот на македонскиот тим Миле Јованов го испрати денеска до македонските медиуми, се наведува дека Македонија на Олимпијадата била на само чекор до освојување на сребрен медал.
“Земајќи ја предвид минималната финансиска поддршка која ја добиваме од бизнис заедницата за организација на циклусот натпревари и подготовките за интернационалните натпревари, овој резултат претставува вистински подвиг“, рече Јованов.
На годинешната ИОИ учествува најдобрите средношколци во светот од областа на компјутерските науки, кои се одбрани преку националните натпревари во програмирање.
Секоја година по околу 250 000 млади луѓе од околу 100 држави се натпреваруваат во борба да ја претставуваат својата држава на ИОИ, кој што е најпознатиот светски натпревар во програмирање за средношколци.
За успешно решавање на проблеми на ИОИ, натпреварувачите мора да ги демонстрираат своите вештини во анализата на проблеми, дизајн на алгоритми и податочни структури, програмирање и тестирање.
Македонија на оваа Олимпијада, покрај Груевски ја претставуваат и Миле Јованов, Емил Станков, Христијан Богоевски, Младен Димовски и Јован Крајевски, кои остварија истотака забележителни резултати.
Македонскиот тим е формиран по целогодишен циклус на натпревари кои опфаќаат електронски натпревари, Регионален и Државен натпревар, Државна олимпијада и два дополнителни натпревари за најдобрите натпреварувачи, се вели во соопштението. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Стипендиите во основните училишта во Центар зголемени за 1.000 и 1.500 денари
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, најави серија мерки за унапредување на образованието и поддршка на учениците во училиштата во локалната самоуправа.
„Донесовме одлука за зголемување на стипендиите за талентираните ученици во областа на науката, техниката и посебните вештини, како и за спортските стипендии, за 1.000 денари. Водејќи се од принципот на еднакви можности, стипендиите за учениците кои доаѓаат од семејства во социјален ризик ги зголемуваме за 1.500 денари“, истакна Герасимовски.
Во рамки на поддршката за учениците, повозрасните ученици ќе имаат можност за бесплатна екскурзија преку проектот „Сакај ја Македонија“.
Герасимовски, исто така, најави дека од септември, со почетокот на новата учебна година, сите ученици кои посетуваат целодневна настава ќе добиваат бесплатен, здрав и квалитетен оброк.
Општина Центар за оваа година предвиде средства и за почеток на капитални инвестиции за изградба и реконструкција на два затворени базени во рамки на основните училишта „11 Октомври“ и „Димитар Миладинов“.
„Со овие мерки Општина Центар испраќа јасна порака дека вложувањата во образованието, талентот и поддршката во секое дете, останува еден од највисоките приоритети“, вели Герасимовски.
Македонија
Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата
За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист за државата.
„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.
Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО).
Треба да говориме отворено и без лажни наративи“, пишува Вељаноски на социјалните мрежи.
Според него, овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија.
„Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.
И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.
На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти“.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.

