Контакт

Македонија

Треневски: Го потценив ризикот од медиумски интерпретации

Објавено пред

Новоименуваниот македонски амбасадор во НАТО, Мартин Треневски вели дека тој го потценил ризикот од различни медиумски интерпретации и можноста на дел од искажаните ставови да им се даде поинаков контекст.

dobivaj vesti na viber

Новоименуваниот македонски амбасадор во НАТО, Мартин Треневски, чиј настап пред Комисијата за надворешна политика, дел од јавноста и опозицијата го оцени како скандалозен, вели дека тој го потценил ризикот од различни медиумски интерпретации и можноста на дел од искажаните ставови да им се даде поинаков контекст.  Во интервју за Макфакс Треневски зборува за неговата агенда како амбасадор во Алијансата. Макфакс: Г-не Треневски, при претставувањето на вашата платформа за дипломатски активности во НАТО пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика се заложивте за промената на заклучокот од самитот во Букурешт, со кој се бара надминување на спорот со цел активирање на поканата за членство на Македонија во алијансата, нарекувајќи го „чиновничко размислување“. Сметате дека е ова можно?Треневски: Сосема е јасно дека заклучокот од Букурешт е релевантен документ, но сепак, тоа не значи дека треба да престанеме да се обидуваме, заедно со нашите пријатели во НАТО да издејствуваме модификација на самата содржина на заклучокот. Таа промена треба да биде базирана на принципот на заемно почитување на реалните критериуми за интегрирање во Алијансата, а тоа се доброволното пристапување, подготвеноста и способноста на една земја да го даде својот придонес во остварувањето на целите на Северно-атлантската организација. Свесен сум дека ова нема оди лесно, но и максимално посветен на реализацијата на нашата стратешка цел – достоинствена Република Македонија во НАТО.  Пред членовите на комисијата се заложивте и за промена на принципот на солидарност во алијансата, кој во однос на македонско-грчкиот случај, гоокарактеризиравте како политичка и економска агресија на земја-членка врз земја-кандидат. На кој начин овој став ќе го претставите пред вашите колеги во алијансата? Излегува дека сакате да ја промените политиката на функционирање на НАТО која,пак, е дефинирана во документите уште од нејзиното формирање?- Неспорен факт е дека принципите на НАТО ги дефинираат самите-земји членки, јас немам никакви дилеми во однос на системот на функционирање на Алијансата. Но, дозволете истовремено да ја истакнам постојаноста на Република Македонија во долгогодишното вложување во мисиите на НАТО ширум светот, несебичноста со која македонските војници го споделуваат високиот ризик при овие операции и континуираноста во спроведувањето на реформите. Сметам дека ова е аргументот што треба да биде погласно презентиран во Брисел. Освен меѓу самите земји-членки, солидарноста треба рамноправно да се применува и кон земјите чии војници рамномерно ги ризикуваат своите животи, рамо до рамо со војниците од САД, Велика Британија, Полска. Очекувам, партнерскиот, сојузнички однос меѓу Република Македонија и НАТО да биде верификуван со одлука од која полза ќе имаат сите – нашата земја, Алијансата, Република Грција и стабилноста во регионот.

Претставувањето на вашата платформа за дипломатски активности во НАТО во јавноста беше протолкувано како скандалозно, бевте наречен анти-НАТО амбасадор, а опозицијата ве обвини за употреба на „дипломатски недозволена реторика“. Дали тоа беше ваш личен настап или ново дефинирање на позициите на македонската надворешна политика?

– Јас сум искусен дипломат и мојот дипломатски ангажман е целосно вклопен во рамките  на стратешките определби на Владата на Република Македонија и приоритетите на државната надворешна политика во која НАТО интеграцијата зазема врвно место. Дел од тезите и квалификациите кои ги изнесов пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика беа мои лични перцепции за кои во тој момент ценев дека нема да биде лошо ако јавно ги споделам. Но, она што го потценив е ризикот од различни медиумски интерпретации и можноста на дел од искажаните ставови да им се даде поинаков контекст. Без разлика на правот кој се крена во јавноста, уверувам дека Мисијата на Република Македонија во Брисел ќе биде конструктивен чинител и отворен, активен партнер на НАТО со кого заеднички ќе работиме на остварување на заложбите за приклучување на нашата држава во семејството на Алијансата.

Кој е вашиот личен став за приклучувањето на Македонија во НАТО, но и за алијансата како целина?- Нашето место во НАТО не е прашање на припадност, зашто ние таму веќе припаѓаме доколку се земат предвид сите параметри кои ги дефинираат земјите-членки. Вистинското прашање се однесува на создавањето поповолни околности кои ќе овозможат продолжување на стратегиската определба на НАТО за проширување. Со една постојаност, со добронамерност, во тесна соработка со пријателските НАТО-земји, мислам дека не е неможно да се надмине оваа моментна состојба на попречување на планот на Алијансата да ги интегрира земјите кои сакаат и можат да бидат корисен член на Северноатлантската организација.Пред членовите на комисијата изразивте оптимизам за добивање на покана за членство на ноемврискиот самит во Лисабон. На што се темели овој ваш оптимизам и колку е реален?

– Сопирачката, пречката за добивање покана за членство на сите ни е многу добро позната. Таа не е ниту од дипломатска природа, ниту од техничка, туку е олицетворена во долгогодишниот спор што го наметна нашиот јужен сосед. Оттаму, одлуката за доделување на поканата не зависи од нашата подготвеност или степенот на остварените реформи, нејзиното ефектуирање е, пред се, политички условено. Во секој случај, морам да потенцирам дека високо ја ценам заложбата на првите луѓе на Организацијата прашањето за неспорно заслужената и брза интеграција на Македонија во НАТО да се актуелизира, како во функција на непречено реализирање на операциите во кои Македонија учествува со свои сили, така и за зајакнување на регионалната безбедност. /крај/макфакс/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

Објавено пред

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист за државата.

dobivaj vesti na viber

„Секој правен и уставен експеримент предизвикува повеќе штета од корист за државата.
Времето и искуството покажаа дека импровизациите во системот не носат квалитет, туку дисфукционалност. Така беше со идејата за техничката Влада, така беше и со Специјалното јавно обвинителство(СЈО).
Треба да говориме отворено и без лажни наративи“, пишува Вељаноски на социјалните мрежи.

Според него, овие два механизма не беа воведени за да донесат повеќе правда или демократија.

„Тие беа измислени и наметнати со една единствена политичка цел-да се инсталира СДСМ на власт и да се реализира идејата за промена на уставното име на Република Македонија. Ништо друго. Граѓаните не треба повеќе да бидат предмет на манипулација за наводните “благодети” на овие ад-хок решенија.
И СЈО и техничката Влада беа плод на политички и правни манипулации, туѓи на нормалниот парламентарен живот и правниот поредок. СЈО веќе заврши на буништето на историјата како неуспешен проект. Време е и техничката Влада итно да и се придружи.
На Македонија и е потребен стабилен систем а не вечни изнудени експерименти“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ

Објавено пред

Од

Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.

Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.

„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип

Објавено пред

Од

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Вељаноски за техничката влада: Eксперимент кој предизвикува штета за државата

За поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, техничката влада е експеримент кој како што оценува, предизвикува повеќе штета од корист...

Македонија1 час

Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ

Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ. „Сите што...

Свет2 часа

Денешниот состанок во Вашингтон ја одлучува судбината на Гренланд

Денес во Белата куќа се одржува состанок кој би можел да ја одреди иднината на Арктикот, но и на самиот...

Свет3 часа

Сестрата на Ким Јонг Ун: Надежите на Јужна Кореја за подобри односи со Северот се само илузија

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, изјави дека надежта на Јужна Кореја за подобрени односи е...

Свет3 часа

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија3 часа

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет11 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа11 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија15 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа15 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет16 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет16 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија16 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија18 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија20 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија20 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија20 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија21 час

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија21 час

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија1 ден

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...