Македонија
ЗАИ: Посебни ревизиски комисии за албанските учебници
Здружението на Албански Издавачи денеска побара во ревизијата на учебниците да се формираат посебни комисии во кои ќе бидат вклучени надлежни личности од културните, образовните и воспитните институции на Албанците.
Здружението на Албански Издавачи денеска побара во ревизијата на учебниците да се формираат посебни комисии во кои ќе бидат вклучени надлежни личности од културните, образовните и воспитните институции на Албанците. „Што се однесува до учебниците на албански јазик, треба да се формираат посебни комисии во кои ќе бидат вклучат надлежни личности од културните, образовните и воспитните институции на Албанците, од невладините профилирани здруженија итн., и предмет на ревизија да бидат, без исклучок, сите учебници од основните и средните училишта,“ рече Мухамед Муртези, претседател на Здружението на Албански Издавачи. Министерот за образование и наука, Никола Тодоров рече дека во процесот на ревизија на учебниците ќе бидат вклучени педагошките факултети од Скопје, Тетово, Битола и Штип и така ќе бидат вклучени и албански професори и експерти во целиот процес. „Тие експерти треба да дадат свое експертско мислење а не национално мислење за учебниците. Ревизијата на учебниците не смее да се претвори во меѓунационална ревизија на ставови и особено не во делот на историјата. Не правиме ревидирање на историските учебници туку правиме ревизија на грешките кои се наоѓаат во учебникот,“ одговори на забелешките од албанските издавачи, Министерот Тодоров. Од З.А.И. истакнуваат дека ситуацијата со учебниците е резултат на обидите на Владата на Р.Македонија да го претвора Министерството за Образование во издавачка куќа но и дека пропишаниот рок од 30 дена за комплетирање на ревизијата на сите учебници не е доволен за на коректен начин да се направат сите потребни корекции./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

