Македонија
Јанкулоска: МВР е подготвено за концептот "Police equal performance"
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на десетгодишнината од Форумот Салзбург, ја искажа подготвеноста на македонското МВР за концептот “Police equal performance” (ПЕП), пренесе Министерството за внатрешни работи.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на десетгодишнината од Форумот Салзбург, ја искажа подготвеноста на македонското МВР за концептот “Police equal performance” (ПЕП), пренесе Министерството за внатрешни работи.
Овој концепт е развиен од Австриската сојузна криминалистичка служба и предвидува хармонизирање на полициската работа на дневна основа.
Концептот е една од централните теми за дискусија на Форумот, бидејќи криминалот не познава граници и од ефикасноста во справувањето со него зависи и стапката на криминалитетот во останатите земји од регионот, соопштија од МВР.
Од страна на домаќинот е посочено дека во 2009-ата година, во Австрија и нејзините соседи Источна и Југоисточна Европа влијаеле врз високиот процент на криминалитетот, особено кога се работи за имотни деликти од страна на групи и структури на извршители.
Оттаму, како што се нагласува, неопходно е да се развие стратегија за водење успешни, брзи и долготрајни, често паралелни, истовремени операции во двете земји и затоа се потребни заеднички, исти методи и инструменти.
Во поединечните случаи, според двете страни, со Македонија функционира многу добро и заедничката оценка е дека од позитивните искуства од поединечните операции сега треба да се изведе систем на перманентна соработка и на синхрони постапки. Конечната цел треба да биде работиме со идентични полициски стратегии и методи, за колку што е можно ефикасно да го намалиме криминалитетот во заедничкиот регион.
Партнери за ваква засилена соработка би можеле да бидат земјите како Германија и се разбира исто така партнерите од Салзбуршкиот Форум.
Покрај развојот на новиот концепт, соработката и поддршката во напорите за исполнување на европските стандарди се дел од централните теми на Форумот, на кој исто така ќе се разгледаат и ефектите од визната либерализација, но и приближувањето кон Шенгенските стандарди./крај/со/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода утре делови од Карпош и Кисела Вода
Без вода утре ќе останат делови од Карпош и Кисела Вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека на ден 30.12.2025 година ( вторник ):
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре без струја делови од Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров
Утре без струја ќе останат некои од корисниците од општините Петровец, Студеничани, Сопиште и Ѓорче Петров, информира Регионалниот центар за управување со кризи.
„Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 30.12.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)“, информира РЦУК.
Македонија
Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за слаб локален снег
Утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

