Македонија
Финишира летната школа на Сеавус и УСАИД „Вештини за вработување на 21 век“
Натпреварот за изработка на компјутерски игри на кој учествуваа околу 50 средношколци е денешната завршна активност од еднонеделната летна школа насловена како „Вештини за вработување на 21 век“ организирана од Сеавус и УСАИД .
Натпреварот за изработка на компјутерски игри на кој учествуваа околу 50 средношколци е денешната завршна активност од еднонеделната летна школа насловена како „Вештини за вработување на 21 век“ организирана од Сеавус и УСАИД . На летната школа во Крушево учествуваа 50 ученици од над 20 средни училишта од целата земја, кои покажуваат интерес во информатичката технологија, затоа што според организаторите, оваа индустрија е најбрзорастечка и има најголем потенцијал за технолошки кадар.Целта на школата е да се даде придонес во процесот на креирање на квалитетна и конкурентна работна сила уште во раниот период на кариерното насочување и градење на вештини кои се барани во деловниот свет. „Целта е да се подигне свеста за оние вештини кои не се развиваат во класичната настава и да овозможиме средина погодна за креативно размислување. Не постојат единки туку постојат тимови и токму во тимската работа може да се види сета нивна креативност“, вели координаторот на проектот Соња Јовановска.Учениците групирани во тимови изработија компјутерски игри наменети за поединечни играчи, групни играчи и roll play game.Според критериумите, игрите мора да се оригинални и да го задржат вниманието на играчот. Победник е тимот кој ја изработи играта SIMS Online, втора беше „Богови и херои“ а трета играта „Шах“, соопшти новинарот на Макфакс кој присуствуваше на натпреварот.„Смисливме игра од типот социјални игри што се игра на социјални мрежи како што е Фејсбук. Тоа е игра која ја има на пазарот, но во некоја друга форма. Постоечката се игра единствено на компјутер, а нашата се игра на било кој уред кој поддржува апликации за интернет. Може многу лесно да се направи и програмира. Направиме флеш игра затоа што таргетот во моментов е на овие игри“ изјави средношколецот Далибор Цветковски , член на победничкиот тим./крај/макфакс/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Јавното обвинителство мора да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра“, бара СДСМ
„Јавното обвинителство не смее да молчи за криминалните тендери туку да делува. Обвинителството мора веднаш да отвори предмет и да започне истрага за скандалозниот тендер од 1,2 милиони евра во АД Пошта, доделен на фирма на советник од ЗНАМ“, велат од СДСМ.
„Антикорупцискиот тим објави конкретни наводи и докази од свиркач, вработен во Пошта за организирано испумпување јавни пари и системска кражба на пари од граѓаните.
Постојат основани сомнежи дека над 300.000 евра годишно, пари на граѓаните, се вадат преку корупциски шеми.
Како? Според наводите, недостасуваат постојано околу 14 хигиеничари а други работата со половина работно време и покрај тоа што за сите нив се исплаќа целосен износ, како да се вработени и присутни цел ден.
Како се прикрива сето ова?
Со потпишување лажни дневници за отсутни хигиеничари, лажни извештаи за наводни генерални чистења кои никогаш не се реализираат.
Ако институциите не постапуваат значи дека се заштитници на криминалот на ВМРО и ЗНАМ.
Бараме Јавното обвинителство да отвори предмет и итно да покрене истрага.
Секој што го прекршил законот мора да одговара“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)

