Македонија
115 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Гостивар
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.665 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Kовид-19 во Скопје – 34, Куманово – 10, Штип – 14, Прилеп – 15, Тетово – 3, Струга – 13, Битола – 4, Охрид – 4, Гостивар – 2, Крива Паланка – 1, Радовиш – 1, Крушево – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 2, Македонски Брод – 1, Пехчево – 1, Берово – 2, Виница – 3, Свети Николе – 2 и еден во Делчево.
Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти од Скопје – 64, Куманово – 74, Дебар – 28, Штип – 30, Прилеп – 5, Тетово – 48, Струга – 9, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци – 20, Гостивар – 36, Гевгелија – 1, Струмица – 4, Крива Паланка – 6, Радовиш – 1, Кочани – 4, Пробиштип – 1, Демир Хисар – 2, Македонски Брод – 3, Кратово – 1, Свети Николе – 9, Кичево – 12 и еден во Неготино.
Во болнички услови е починат пациент од Гостивар на возраст од 76 години.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.455, бројката на оздравени пациенти е 11.525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.326. Денеска се евидентира еден контролен тест од вчера, а според тековните податоци во моментов, статистиката за активни случаи по градови е следна:
• Скопје 5.936, активни 781
• Куманово 1.482, активни 315
• Дебар 252, активни 56
• Штип 1.148, активни 116
• Прилеп 478, активни 121
• Тетово 1.214, активни 119
• Струга 575, активни 64
• Велес 270, активни 29
• Битола 207, активни 37
• Охрид 341, активни 35
• Кавадарци 182, активни 56
• Гостивар 793, активни 201
• Гевгелија 52, активни 28 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
• Струмица 65, активни 15
• Крива Паланка 48, активни 13
• Радовиш 43, активни 6
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 146, активни 24
• Пробиштип 82, активни 14
• Демир Хисар 60, активни 14
• Македонски Брод 72, активни 14
• Пехчево 19, активни 13
• Берово 60, активни 51
• Валандово 9, активни 2
• Виница 74, активни 36
• Делчево 61, активни 52 (14 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 19, активни 3
• Свети Николе 290, активни 46
• Кичево 269, активни 53
• Ресен 146, активни 0
• Неготино 45, активни 11 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 149.934 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 74, а на кислородна поддршка се 46 пациенти.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 5 позитивни деца, 3 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 , позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката за активни случаи по скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 98
• Гази Баба – 93
• Аеродром – 98
• Карпош – 81
• Центар – 80
• Кисела Вода – 95
• Ѓорче Петров – 47
• Бутел – 56
• Шуто Оризари – 31
• Студеничани – 26
• Сарај – 22
• Арачиново – 13
• Илинден – 13
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 4
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николовски: Системот на злоупотреби што го создаде Владата ја уништи довербата – земјоделците повторно ќе ја плататат цената
„Колку пати алармирав и предупредував дека во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се создава систем на клиентелизам, влијанија и злоупотреби?“, порача поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагирајќи по апсењето на директорот на Агенцијата при земање мито.
„Јавно укажував дека ИПАРД 3 ќе крахира, дека со вакви практики се загрозува кредибилитетот на државата пред Европската комисија и се става под ризик целата програма вредна околу 100 милиони евра – пари наменети за развој на македонското земјоделство“, изјави Николовски.
Според него, денешниот скандал е директна последица на политичко поставување на луѓе без интегритет и без компетенции.
„Ова не е изолиран инцидент, туку резултат на владеење кое ги заменува вредностите и професионалноста со партиска послушност“, нагласи тој.
Николовски потсети дека за време на неговиот мандат ИПАРД 2 програмата беше 100% искористена, со 2.369 договори и реализирани инвестиции.
„Срамно е целиот тој успех и довербата што ја изградивме со Европската унија да биде уништена за само една година поради корупција и лични интереси“, додаде тој.
Тој предупреди дека постои реална опасност Европската комисија да ја стопира ИПАРД 3 програмата за Македонија, што би значело блокада на сите исплати и нови повици.
„Ако се случи тоа, земјоделците повторно ќе бидат жртви на корупцијата и неспособноста на оваа власт“, порача Николовски.
Поранешниот министер побара итна одговорност и расчистување со злоупотребите:
„Време е за целосна одговорност. Македонија не смее да си дозволи да ја изгуби довербата во европските институции поради поединци кои го претворија земјоделството во извор на мито и политички влијанија.“
Македонија
Делови од Центар и Сарај в понеделник без вода
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека зафатот кој беше најавен за денеска поради одредени технички пречки се одложува за понеделник.
Поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
До понеделник променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа), засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

