Македонија
Убиениот турист во Охрид денеска ќе биде погребан во Белград
Телото на триесет и четиригодишниот Дејан Новаковиќ од Белград, кој беше убиен минатиот петок во Охрид денеска ќе биде погребано, јавува „Блиц“.
Телото на триесет и четиригодишниот Дејан Новаковиќ од Белград, кој беше убиен минатиот петок во Охрид денеска ќе биде погребано, јавува „Блиц“.
На погребот како што е најавено ќе присуствува делегација од Охрид на чело со градоначалникот, Александар Петрески.
Македонската полиција веднаш по убиството уапси седуммина осомничени. Се уште во бегство е дваесет и деветгодишниот Драган Ѓорѓевиќ од Лесковац за кого вчера српските медиуми јавија дека бил член на криминалната група „Пинк Пантер“, во светот позната по спектакуларните грабежи на златари. Полицијата во Македонија и околните земји трагаат по Ѓорѓевиќ.
Нему му се губи трага во петокот, еден час по убиството, кога од хотелската соба ги зел своите работи и избегал.
Како што пренесува „Блиц“, Ѓорѓевиќ не излегол од Македонија со пасош на свое име, но не се отфрла можноста дека побегнал по илегални канали или дека се крие во некоја од земјите од регионот.
Другарот на убиениот српски турист, Горан Периќ кој деновиве беше изведен на второ соочување со обвинетите за тепачката што заврши со смртни последици, отпатувал за Белград, Јавува Охридњус.
Според најавите, истражната постапка ќе продолжи со распит на нови сведоци кои не се од Охрид, а стручни лица ќе ги прегледуваат снимките од камерите од објектите кои се наоѓаат во близина на местото каде се случи трагичниот настан. /крај/бл/ох/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

