Македонија
Еден убиен и двајца ранети во скопски Аеродром

Едно лице е убиено, а двајца се повредени во пукање што се случи вечерва околу 20 часот во близина на трговскиот центар „Три бисери“ во општина Аеродром.
Едно лице е убиено, а двајца се повредени во пукање што се случи вечерва околу 20 часот во близина на трговскиот центар „Три бисери“ во општина Аеродром.
Неофицијално убиениот и еден од повредените се вработени во МВР.
Според непотврдени информации, едно лице, засега непознато за полицијата влегло во рибниот ресторан „Биг Фиш“ и со автоматска пушка “калашников“ пукало кон три момчиња кои седеле на заедничка маса во придружба на една девојка.
Сторителот не пукал кон девојката. Откако ги извршило убиството, лицето ја фрлило автоматската пушка, влего во автомобил и заминало во непознат правец.
На местото на настанот имаше членови на обезбедувањето на премиерот Никола Груевски.
Според изјавите на очевидците, лицето кое пукало имало повеќе од 50 години.
Нема информации ниту за причините поради кои се случило убиството. (следува поширока верзија ) ./крај/фф/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возиво, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.